Дописниците на Си Ен Ен, Андерсон Купер од Лвов и Ник Патон Волш од Одеса известуваат во живо за настаните во Украина за сите тажни слики што ги виделе за време на трите недели од руската агресија врз Украина.
Двајцата дописници, снимките од гранатирањето на породилиштето во Мариопул ги опишуваат како едни од најужасните слики што ги виделе. Тие ги опишуваат сликите од погодената болница и породилиште како хаотични и застрашувачки, додека бремени жени и деца бараат спас од руските напади низ урнатините, низ скршените прозорци и купиштата шут, несебично, ризикувајќи го својот живот, им помагаат сограѓани и членови на милицијата.
Претседателот Зеленски го оквалификува рускиот воздушен напад како „ѕверство“.
„Мариупол. Директен погодок на руските сили врз породилиште. Децата се под урнатини. Злосторство! Уште колку светот ќе биде учесник и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Запрете го убивањето! Имате моќ, но, се чини, дека ја изгубивте човештината“, порача Зеленски.
На слимките се гледа бремена жена пред породување, која со раскрвавено лици бега по скалите, а надвор од болницата, меѓу парчињата стакло и делови од срушените ѕидови, повредените бремени жени се изнесуваат со носила.
Руските напади не покажуваат знаци на човечност, се чини дека главна цел на руските напади е цивилното население.Која можна цел за русите претставува нападод на породилиштето во Мариопул?, прашува Купер.
Волш изјави дека Москва прави обид да ги правда овие напади со тврдеше дека во билниците имало борбени позиции, но оние кој го следат руската однесување подолго време, ова не може да го прифатат.
Зад ваквата стратегија стои тенденцијата да се скрши вољата на Украинците, населението или да се предаде , или да побегне.
Стратегијата да се нападнат бесппомошните и ранливите во најранливиот моемнт едноставно е грозна., вели Волш.
УНИЦЕФ го осуди нападот врз детската болница во Мариупол и соопшти дека повеќе од милион деца се евакуирани од Украина во соседните земји за помалку од две седмици од почетокот на руската агресијаодека досега во во конфликтот се убиени најмалку 37, а повредени 50 деца.
ОН и СЗО повикаа на „итно прекинување на нападите врз болниците, здравствените работници, амбулантните возила“ во Украина.
СЗО досега потврди најмалку 18 различни напади врз здравствени установи од почетокот на рускиот напад врз Украина, при што се убиени десет, а се повредени 16 лица.
Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 1.424 цивилни жртви од почетокот на агресијата врз Украина пред две недели.
Канцеларијата за човекови права на ОН прецизира дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнува дека верува дека реалните бројки се „значително повисоки“.Повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.
Руската војска од самиот почеток наагресијата пукаат врз цивили и цивилна инфраструктура, што предизвикува големи разурнувања, страв, паника и жртви меѓу населението.
Цел на напд на руската војска беше и хуманитарниот коридор од Черниговски преку кој се евакуираа цивилите од градот иако не беше обезбеден, бидејќи борбите не престануваат на патот кон Киев.
За руските напади врз цивилни цели во Чернихив, при што беа убиени 47 цивили, Амнест интернешенл веќе отвори истрага за можни воени злосторства.
Во вечерните часови на 9 март 2022 година, руската војска започна да го гранатира градот Миколаив со повеќецевните ракетни системи „Град“ и „Ураган“,
Под постојани руски напади се и повеќе градови во Украина, меќу кои Киев, Харков, од каде под воени напади трае евакуацијата на цивилите, додека бројот на цивилни жртви расне. Пет лица, меѓу кои две деца, беа убиени во руското бомбардирање на градот Малин, регионот Суми, додека во регионот Харков, во селото Динец, област Чухуив, граната погоди станбена зграда за време на воздушен напад, при што загинаа две лица, меѓу кои и едно дете родено во 2015 година.
Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди нападот врз болници и цивилни цели и изјави дека:
„Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат ранливите и оние без одбрана“.
„Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства“, додаде Џонсон.
Д.Мишев