Руската војска пукала врз цивили, кои пеш се обидувале да го напуштат градот Чернихив, ова го напиша на Фејсбук градоначалникот на Корјукивка, регион Чернихив, Ратан Ахмедов, пренесува Укринформ.
„Денеска “орките” пукаа врз цивили (најчесто жени со деца), кои пеш го напуштаа Чернихив. Има убиени и ранети, и имаме загуби и меѓу нашите сонародници. Загина млад човек, кој со својата мајка си одеше до Корјукивка,“ напиша Ахмедов.
Како што е соопштено, шефот на Регионалната државна управа на Чернихив, Виачеслав Чаус, рече дека хуманитарниот коридор од Черниговски не е обезбеден, бидејќи борбите не престануваат на патот кон Киев.
За руските напади врз цивилни цели во Чернихив, при што беа убиени 47 цивили, Амнест интернешенл веќе отвори истрага за можни воени злосторства.
Д.М.