• Latest
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, на Конференцијата за Човечка димензија во Монтреал, 30 октомври 2024 (фото извор: МНР на Украина)

Сибига, МНР на Украина: Илјадници цивили и деца се во руско заробеништво, ништо не може да ги оправда геноцидните акти на Русија против украинските деца

November 2, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Сибига, МНР на Украина: Илјадници цивили и деца се во руско заробеништво, ништо не може да ги оправда геноцидните акти на Русија против украинските деца

November 2, 2024 08:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, на Конференцијата за Човечка димензија во Монтреал, 30 октомври 2024 (фото извор: МНР на Украина)

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, на Конференцијата за Човечка димензија во Монтреал, 30 октомври 2024 (фото извор: МНР на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига ја потсети светската јавност дека Русија во моментов држи илјадници украински воени и цивилни заробеници, присилно депортирани деца.

„Во моментов, во Русија се задржани илјадници украински воени и цивилни заробеници, присилно депортирани деца“, објави министерот Сибига.

Тој открива дека на заробениците и присилно депортираните деца им се ускратени основните права, утврдени со меѓународните закони, како што е контакт со меѓународни набљудувачи и медицински лица.

„Москва им го ускратува правото на меѓународните набљудувачи и медицински лица за соодветен пристап до нив, што е гарантирано со меѓународното право. За жал, постоечките меѓународни инструменти не можат да ги заштитат правата на нашите луѓе“, алармира првиот човек на украинската дипломатија.

Сибига соопшти и дека тимот на претседателот Володимир Зеленски работи на враќање на нашите луѓе и обезбедување на соодветен третман кон нив.

„На министерската конференција оваа недела во Канада, една од земјите изрази подготвеност да стане држава-заштитничка според Женевските конвенции за помош на Украинците во Русија. Работиме на тоа да стане реалност“, најави министерот Сибига.

Конференција за Човечката димензија, Монтреал, Канада, 30 октомври 2024 (фото извор: МНР на Украина)

На 30 октомври, во Монтреал, Канада, министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибига учествуваше на отворањето на министерската Конференција за Човечката димензија посветена на имплементацијата на четвртата точка од Формулата за мир на претседателот Зеленски, „Ослободување на затворениците и депортираните“.

Целта на тематските конференции за точките од Формулата е да се подготви заедничка рамка за мир за да се стави крај на руската агресија во согласност со меѓународното право.

„Во претходните недели беа одржани 8 тематски конференции во соработка со нашите партнери и луѓе со добра волја од целиот свет. Конференцијата во Монтреал е деветта и последна. Тоа го отвора патот за Вториот мировен самит“, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина на 31 октомври.

На конференцијата, Андриј Сибига рече дека денес, повеќе од кога било, е важно да се биде на вистинската страна на историјата со вложување напори за спроведување на Формулата за мир, особено нејзината четврта точка за ослободување на затворениците и депортираните.

Министерот за надворешни работи изрази благодарност до Канада и Норвешка за нивното лидерство во промовирањето на Формулата и нагласи дека таквото лидерство и силните одлуки на партнерите сега се од клучно значење.

„Иако сегашниот меѓународен систем ја покажа својата неспособност да ја постигне оваа цел, убеден сум дека нашите заеднички напори и посветеност на овој случај нѐ доближуваат до сеопфатен, праведен и траен мир. Денес, на светот му требаат силни одлуки. Ништо не може да го оправда геноцидните акти на Русија против украинските деца“, нагласи министерот.

Андриј Сибига додаде дека Русите не само што киднапираат украински деца, туку и им го одземаат нормалното детство.

Министерот за надворешни работи истакна дека „мирот по секоја цена значи капитулација, окупација, депортација и тортура. Украина никогаш нема да се согласи со мировните иницијативи развиени без Украина и зад нејзиниот грб, што ќе ги остави сторителите неказнети“.

Подготви: Џ. Д.

Tags: Андриј Сибигадепортирани децазаробенициМонтреалруска агресијаФормула за мирЧовечка димензија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ