• Latest
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на ОН за океанот: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

June 9, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на ОН за океанот: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

June 9, 2025 17:52
in ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3) за поддршка на спроведувањето на целта 14 за одржлив развој ,,Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој”, што се одржува во Ница, Франција, соопшти кабинетот на претседателката.

Во своето обраќање, таа го нагласи виталното значење на океанот како срце на глобалниот климатски систем којшто апсорбира четвртина од емисиите на CO2 и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата. Сиљановска-Давкова укажа дека со нашите неодржливи модели на производство и потрошувачка го нарушуваме океанскиот систем, се вели во соопштението.  

Сиљановска-Давкова посочи дека за да се справиме со кризата, потребен е ефикасен мултилатерализам со силни Обединети нации коишто постојат за да градат мир не само меѓу нациите, туку и со природата.

Според претседателката, ниту една земја, ниту еден континент не може самостојно да воспостави и одржи мир со природата. Таа рече дека симболична коинциденција е што склучувањето на ,,Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност” се случува во татковината на Мишел Сера, авторот на ,,Природниот договор” во којшто луѓето ги третираат Земјата и природата како ним рамноправни партнери.

Истакнувајќи ја македонската заложба за дијалог и силно меѓународно управување со океаните, таа потенцираше дека ја поздравуваме Декларацијата „Нашиот океан, нашата иднина: обединети за итна акција“ и изразуваме поддршка за имплементацијата на Целта за одржлив развој 14 и Акциониот план од Ница.

Како земја, дел од Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на интегрираното управување со водите. Таа оцени дека овој процес ќе биде многу поефикасен ако се деблокира нашето пристапување кон ЕУ.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Ваши Екселенции,

Дами и Господа,

Изразувам искрена благодарност до ко-претседавачите, претседателите на Франција и на Костарика, за организирањето на оваа Трета конференција на Обединетите нации за океанот.

Како член на едно општество, секој од нас е дел од она што Русо го нарече општествен договор. Сепак, се собравме тука, во Ница, како страни на еден друг договор, природниот договор на Мишел Сера, којшто ги обврзува луѓето да се однесуваат кон планетата како кон рамноправен партнер. И, се осмелувам да кажам, дека стоиме тука како пред суд, како виновници што го прекршиле тој природен договор. 

Океанот е синото срце на нашата сина планета. Милијарди години, ова сино срце чука во ритам што го одржува животот на безброј видови, вклучувајќи го и нашиот. Како срце на глобалниот климатски систем, океанот апсорбира една четвртина од емисиите на CO2 и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата. Ја лади планетата со апсорбирање на 90% од топлината и ја регулира климата. Тоа е од суштинско значење за безбедноста на храната. Животот над морското ниво зависи од животот под морското ниво.

Сепак, со нашите неодржливи системи за производство и расипничките конзумеристички навики, го нарушуваме океанскиот систем. Доказите против нас се насекаде околу нас.

Океанот стана потопол и покисел. Неговите исконски струи се менуваат, правејќи го морето понепредвидливо. Неговите живописни корали се избелени, а богатите морски екосистеми уништени. Додадовме пестициди и пластика во синџирот на исхрана, нарушувајќи ги сложените биохемиски процеси кај живите организми.

Заслепени од краткорочната добивка, ја ризикуваме егзистенцијата на идните генерации. Помислете на растечките температури, на сè почестите екстремни временски настани и на микро-пластиката којашто завршува на нашите чинии.

За да се справиме со оваа криза, нам ни е потребен ефикасен мултилатерализам со силна Организација на Обединетите нации во неговата срж. ООН постои за градење на мир не само меѓу нациите, туку и со природата. Ниту една земја, ниту еден континент не може да го постигне ова самостојно. Тоа е заеднички напор на целото човештво, на сите нации, големи и мали, со и без излез на море. Особено на оние без излез на море, не само затоа што имаме законско право на пристап до море (според Конвенцијата на ОН за право на море), туку затоа што сме дел од истиот океански систем.

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: Кабинет на Претседателката)

Екселенции,

Мојата земја се залага за силно меѓународно управување со океанот и дијалог. Ја поздравуваме декларацијата „Наш океан, наша иднина: обединети за итна акција“ и го поддржуваме спроведувањето на Целта бр. 14 за одржлив развој и Акцискиот план од Ница. Денес ќе го потпишам Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност во области надвор од националната јурисдикција. Исто така, го поддржуваме целосното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал за запирање на губењето на биолошката разновидност. Ја поздравуваме амбициозната акција за заштита, зачувување, одржливо користење и обновување на океанот и неговите екосистеми во согласност со Пактот за иднината.

Како и да е, нашиот најголем придонес е поврзан со справувањето со климатските промени. Како потписник на Парискиот договор, се обврзавме значително да ги намалиме емисиите на стакленички гасови, да го забрзаме преминот кон економија со ниски јаглеродни емисии во енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството. Бидејќи сме во Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на прилагодувањето на нашите најранливи сектори, особено водните ресурси. Сепак, овој процес ќе биде многу поефикасен ако нашиот процес на пристапување во ЕУ се деблокира. Борејќи се против климатските промени, се бориме за океанот.

Нам ни е потребно она што Едгар Морин го нарече свест за земјата, длабока свест за нашата меѓусебна поврзаност како единствена планетарна заедница. Гледаме знаци за ова бидејќи младите генерации насекаде стануваат сè посвесни за кризата на океанот, вклучително и во мојата земја којашто нема излез на море. Неодамна, се сретнав со група млади, паметни македонски ученици коишто ќе учествуваат на Првиот предизвик „Лего лига“, поддржан од УНЕСКО, со иновативно решение за тоа како да се користи роботиката за чистење на океаните и хранење на китовите. Замислете, ученици од земја без излез на море се пасионирани за спасување на океанот. 

Реков дека сме на суд. Дното на океанот е преполно со докази коишто ја докажуваат нашата вина. Идниот капетан Немо можеби ќе ги собере и ќе нè обвини за прекршување на природниот договор. Но, за да добиеме поповолна пресуда од идните генерации, треба да го замениме нарцисоидното огледало на Доријан Греј со огледало на природата. Како што легендата за океанографија Жак Кусто еднаш рекол „морето, големиот обединувач, е единствената надеж на човекот. Сега, како никогаш досега, старата фраза има буквално значење: сите сме во истиот чамец“. Одберете: „Титаник“ или „Ноевата арка“? Јас го избрав вториот. Тргнува од Ница.

Ви благодарам.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ