Силна експлозија го потресе привремено окупираниот град Енерходар во областа Запорижја, изјави градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов во објава на Телеграма, пренесува Укринформ.
„Денеска во 12 часот и 20 минути жители на Енерходар пријавиле за силна експлозија која одекнала во градот“, напиша тој.
После тоа, во градот исчезна снабдувањето со електрична енергија и вода.
Нема информации дали експлозијата е поврзана со Нуклеарната централа Запорижја, Околностите за настанот се истражуваат.
Подготви: Д.Мишев