• Latest

„Симнуваме капа“ од 22-ри до 29 септември

June 28, 2018
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Симнуваме капа“ од 22-ри до 29 септември

June 28, 2018 14:40
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), од 22-ри до 29 септември во Битола ќе се одржува 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, за кое интензивно се прават подготовките, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје раководството на фестивалот.

Повод беше соопштувањето на добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело – британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кинематографер на култни филмови како „Бегство од Шошенк“, „Фарго“, „Човекот кој не беше таму“, „Нема земја за стари луѓе“… и познат по соработката со браќата Коен. За неговата професионална биографија зборуваше уметничкиот директор на „Браќа Манаки“ Благоја Куновски-Доре во присуство на британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

Директорката Гена Теодосиевска најави издание со голем број содржини и новитети – се зголемува бројот на фестивалски програми и оваа година ќе бидат 14. Годинава ќе има и нови селектори на филмските програми: Марија Џиџева ќе биде на документарната програма, Даријан Пејовски и Марија Апчевска – селектори на кратките филмови, Слаѓан Пенев – за програмата „Европски филмски перспективи“ која почна пред две години.

Манаки прес 2

– ИФФК „Браќа Манаки“ е препознатлив како една специфична и автентична филмска територија, поради искрената почит кон маговите на визуелната креација на филмската уметност, кинематограферите, но и поради непосредноста на која наидуваат сите фестивалски гости, рече Теодосиевска, нагласувајќи дека да се поместуваат границите, не значи да се негира досега направеното. – Во една смисла значи промена, но не и отфрлање на позитивните искуства вклучени со години и градени со децении од оние кои ја почувствувале потребата да се основа и да се организира еден ваков фестивал и да се слави филмот во градот на браќата Манаки, рече директорката на фестивалот.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи истакна дека остануваат посветени на  „Браќа Манаки“. Годинава, рече тој, фестивалот ќе го има своето „транзициско” издание во пресрет на големиот  јубилеј догодина.

– Ние, филмските професионалци од Македонија, со 40-тиот „Браќа Манаки“ очекуваме нова ера на македонскиот филм. Почнавме стратегија за конечно расчистување на тоа што го стигматизираше и обременуваше филмот во Македонија, а се однесуваше на филмови кои тешко се продуцираа и се завршуваа, со чудни теми од историјата… Сакаме да го ставиме фокусот на младите автори и да снимаме филмови кои се случуваат овде и сега и зборуваат за нашите генерации и она што нас не опкружува, рече Иванов-Изи.

Манаки прес 1

Соопшти и дека пред почетокот на 39-тиот ИФФК, ДФРМ ќе го заврши процесот за избор на македонски кандидат за Оскар и дека оваа година има дури осум или девет филмови кои би можело да бидат номинирани ако се исполнети условите. – Се надевам дека повеќе нема да се случи да немаме свој претставник за Оскар, рече претседателот на ДФРМ.

Плакатот за 39-тото издание на фестивалот, со слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), е креативно решение на маркетинг-агенцијата „Меккен Скопје“ и инспирирано од безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој живееле и твореле. Капите лебдат врз еден препознатлив објект во Битола (Завод и Музеј), а пораката е благодарност за нивната работа и за сите што придонеле во градењето на фестивалот во изминатите речиси четири децении. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ