Државниот завод за статистика инсистира оваа операција да биде статистичка и никаква поинаку. Цврсто сме решени да истраеме до крај, оваа операција да биде само статистичка, а користа од неа да ја имаат сите граѓани, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Како се може да се (зло)употреби пописот“.
– Се друго ќе биде само штета-да немаме попис, како што немаме 20 години. Најголем дел од граѓаните не ги ни знаат последиците. Пописот е неопходен за многу институции. Локалната самоуправа, основи за какво било квалитетно функционирање на локалната самоуправа, но и сите други институции. Без попис трпи образованието, трпи здравството, трпи науката…
неопходни се овие податоци, се друго би биле погрешни информации, рече Симовски.
Многу врева се дигна околу категориите „резиденти“ и „нерезиденти“. Тоа се методолошки елементи, и не треба да стојат во закон. Во законот интервенираат пратениците со амандмани, и може да се случи одредени меѓународни елементи со интервенција на пратениците да се изменат. Затоа не ги ставивме во закон.
Тврди дека методологијата и категориите за пописот се „во согласност до милиметар со меѓународните стандарди“
– Во методологијата многу прецизно е кажано кои лица во која категорија влегуваат. Во единиците на опфат ги вклучивме и нашите граѓани кои штио се повеќе од една година во странство, се лицитира последниве години на различни бројки за тоа колкава е нашата емиграција, ние не ги знаеме точните бројки, објаснува Симовски.