„На политичкиот субјект е да ја искористи секоја можност да делува и тоа не е спорно и никој тоа право не им го ограничува. Наше е да направиме напор сите тие простори во кои што може да биде политиката или политиканството сеедно, да ги затвориме и едноставно да не ги дозволиме“, истакна директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симовски на денешната панел дискусија на ЦИВИЛ „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“, додавајќи дека претстојниот попис е чисто статистичка операција и нема простор за никаква политизација…
„Политичките субјекти ќе ја употребуваат секоја можност за свои политички цели. Мене лично не би ми пречело воопшто. Сите политички субјекти коишто повикуваат за учество во пописот се добредојдени, па нека си ги преземат заслугите за себе. Мене ме плаши ова другото кадешто јавно и задскриено се повикува на неучество во пописот, еве да не употребам „бојкот“, барајќи причини во тоа во Ковид состојбите или некои други моменти бидејќи во тој случај сите тие работат во интерес на сопствената штета, како граѓани во оваа држава. Одбивањето да се даваат податоци е само зијан, никој ќе нема корист од тоа. Можеби некои краткорочни политички цели ќе се остварат, ама џабе ви се на крајот по било која основа, кога ќе немате држава, ќе немате народ внатре… Ние сè уште одиме на тоа да пропаѓаме во калта колку што можеме подлабоко, а кога ќе дојдете во кал до гуша тогаш не ве вади никој. Па тогаш имајте и власт и што сакате, сè ви е џабе, ќе немате никој, си отидоа сите, би оделе и старите, за жал, не ги прима никој“, истакна Симовски.