• Latest

Скандалознa средба меѓу Заев и Столтенберг

October 9, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Скандалознa средба меѓу Заев и Столтенберг

Што сака да каже и да постигне овој премиер Заев? Кај не дозволува сите да испоцркаме од коронавирусот, па и од НАТО обезбедува помош, сега сака да испоцркаме од досада! Не оди така! Балканскиот регион не знае, ниту треба да знае за предвидлива, перспективна и опиплива иднина. Од искона до денес, сите ние си живееме во регион каде што никогаш не е досадно, туку е како во крвав крими-акционен филм.

October 9, 2020 13:49
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Навистина скандалозно! Прво, оној генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг го покани македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел на заедничка прес конференција. Како можеше? И тоа, не како што е редот со балканските „вуцибатини“, не го седна на столче како учениче, туку двајцата стоеја пред светската јавност, еднакви, рамноправни. Скандал!

Потоа, замислете, Столтенберг му честита роденден на Заев пред целиот свет. Какво пречекорување на овластувањата! Ама не му е прв пат на Столтенберг да се однесува толку пријателски кон нашата земја. Пред пандемијата ние добро помниме и срдечни ракувања и прегратки меѓу него и нашиот премиер. Исто како со Меркел, Могерини и кој сé не. Страшно! Па уште твитови, па пофалби, па изрази на поддршка, па 60 респиратори како донација. Ужас! Вакво нешто не сме доживеале како држава. А и не е прв пат и не е само од Столтенберг.

Убаво си живеевме во изолација порано. Д-р Мугабе ни беше пријател, на пример. И Орбан. А тогашниот премиер чесно си плаќаше по сто и повеќе илјади долари за да се слика со некој државен функционер од Америка или Европа. Па така треба! Ако сакам да се сликам со некој важен лик во светот, ќе си платам. Македонските граѓанки и граѓани сакаат да си ја зачуваат изолацијата, Југославија во името и да си платат за сликањето на премиерот.

Заев е проблемот! Откако се појави, постојано се поздравува и гушка со светските државници, без пари! Тоа не е само пречекорување на овластувањата, туку и срамота е. Остај тоа, дури и огромна финансиска, политичка и експертска поддршка добива од нив. И тоа не за себе, како што е ред, туку за државната каса. Човек едноставно ја губи моќта на говорот, кога гледа како македонскиот премиер и македонската држава добиваат комплименти. Нема смисла, навистина…

Столтенберг е уште еден светски лик кој, по втор пат (!), излезе на заедничка прес конференција со овој нашиов кој, мора пак да се каже, скршена пара не дава за да се слика со западњаците. Мани тоа, Столтенберг говори за важни светски политички и воени прашања на таа конференција, со што му придаде значење на целиот настан. Зборува за мисиите на македонската армија, оддава почит и признание за нашиот придонес во НАТО како земја што учествува во креирањето на политиките и стратегиите, му држи лекции на Трамп за воената мисија во Авганистан… Да не говориме и за признанијата за важната улога на нашата земја во борбата со лажните вести и другите хибридни закани против демократијата. Просто ужас!

Столтенберг ашиќаре му покажа на Заев дека НАТО го поддржува и него и нашата земја, па му честиташе на реизборот на премиерската функција. Колку дрско!

Овој, пак, нашиов, му возврати со определби за вредности и интеграции: „Основната вредност што ги опфаќаат внатрешните политички приоритети на сите земји во регионот се заснова на гарантирање предвидлива, перспективна и опиплива иднина за нашите граѓани“ – рече нашиов премиер.

Што сака да каже и да постигне овој премиер Заев? Кај не дозволува сите да испоцркаме од коронавирусот, па и од НАТО обезбедува помош, сега сака да испоцркаме од досада! Не оди така! Балканскиот регион не знае, ниту треба да знае за „предвидлива, перспективна и опиплива иднина“. Од искона, па до денес, сите ние си живееме во регион каде што никогаш не е досадно, туку е како во крвав крими-акционен филм.

Нема смисла сега, одеднаш, да се ставаме рамо до рамо со развиените западни земји во кои владее демократија, безбедност и благосостојба. Не ни личи! Тоа е спротивно на нашите традиционални вредности и историските придобивки од владеењето на ликови кои чесно плаќаат за да се сликаат со светските политичари.

Треба итно да се побара оставка и од Столтенберг и од Заев за дрскиот однос кон традициите својствени за нашата античка историја.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ