• Latest

Скендери: Пописот за Ромите е политичко прашање, a не обична статистичка операција

December 22, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Скендери: Пописот за Ромите е политичко прашање, a не обична статистичка операција

December 22, 2021 14:50
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Самата одлука да се одложи пописот, по средбата на политичките лидери на двете поголеми партии, покажува дека ние имавме политичка, а не статистичка операција, вели Суад Скендери од Ромалитико, и дел од иницијативата АВАЈА, на панелот „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

„Пописот за помалите етнички заедници, посебно за Ромите е политичко прашање, а не само обична статистичка операција, бидејќи пописот всушност претставува алатка за поголемите етнички заедници за демографски инжинеринг.

По 2001, односно по Рамковниот договор сите политики се креираат според застапеноста на заедниците. Затоа е политичко прашање, бидејќки колку е поголема бројката толку е поголема застапеноста во државната и јавна администрација и во другите установи“, потенцира Скендери.

Тој вели дека според сите податоци, во Република Северна Македонија има од 80.000 до 100.000 Роми.

Скендери истакна дека во текот на пописот наидоа на низа проблеми.

„Во Гостивар еден попишувач ги фотографирал личните карти на граѓаните и дома ги пополнувал податоците. По реакцијата на АВАЈА тој попишувач беше суспендиран и во тој реон се повтори попишувањето, каде што живеат Макдеонци, Роми и Албанци.

Ист таков случај е регистриран и во Струмица каде што живеат Турци и Роми, каде што пред една продавница попишувачот ги фотографирал личните карти и податоците ги внесувал дома.

Во Велес попишувачката беше придружувана со агитатори од турска етничка заедница и одеа од куќа во куќа да попишуваат.

Во Радовиш имавме пријави од граѓани дека се злоупотребува слободата на граѓанинот, односно се вршеше притисок и заплашување“, нагласи Скендери.

Тој вели дека сите овие случаи ги пријавиле во Државниот завод за статистика, но не се задоволни од реакцијата.

Скендери додава дека цело ромско маало во Топаана се попиша последниот ден од пописот, и дека имаше доста пријави дека попишувачите воопшто не беа кај некои домаќинства. Тој вели дека од ДЗР добиле ветување дека со вмрежување на податоците сите граѓани ќе бидат попишани.

„Се согласувам дека тоа може да го изведат, но како ќе го вмрежат етничкиот концепт, нели е тоа чувство? Нели може денес да бидам едно, утре да бидам нешто друго? Етничкото чувство, односно чувството на припадност никој не може да ви го наложи“, истакна Скендери.

Тој додаде дека за време на пописот иницијативата АВАЈА спроведе кампања „Горди Роми во Северна Македонија“.

Панелот го водеше Дехран Муратов

обработка на текстот: Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа и реализација: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ