Граѓаните на Скопје денеска дочекаа екстремно загаден воздух, при што главниот град се најде на 5-то место на најзагадени градови во светот, покажуваат мерењата на платформата „IQAir“.
Според податоците, врз основа на последното мерење во 14 часот, Скопје е петти најзагаден град во светот со индекс на загаденост 187, кој се карактеризира како штетен по здравјето.
Од регионот на првите 10 најлоши позиции се најде и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, кој е на третото место.
Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 124,4 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Ректорат и Центар.
С. Т.