На инфо-штандот на ЦИВИЛ – Центар за слобода граѓанките и граѓаните на скопската Стара чаршија имаа можност да ги остават своите пораки, размислувања и ставови во врска со претстојниот референдум.
„Немој за заборавите да излезете на гласање на денот на референдумот“, „Порано имав мислење, сега немам“, „Студентите очекуваат референдумот да се реализира како што е даден зборот. Ние студентите веруваме дека ќе биде подобро. Веруваме дека ќе има повеќе работа, подобар живот“… беа дел од пораките на граѓанките и граѓаните во Старата чаршија.
Инфо-штандот е дел од проектот „Гласам, значи постојам“, поддржан од Амбасада на САД во Скопје.
Д. Муратов