• Latest

Скриените одаи на македонското кривосудство

July 5, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Скриените одаи на македонското кривосудство

July 5, 2023 20:05
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ајде на почеток вака. Да го замислиме, само за момент, следново: македонската држава сè уште не е уредена како клерофашистичка држава (попрецизно речено: не е сè уште така уредена, имајте трпение!), сите граѓански активисти, новинари, борци за слободи на женски права и секакви други права и слободи би ги затворила, обесила или најблаго речено, би ги пратила на некој „голи оток“.

Мене, да речеме, во клерофашистичка држава не би ми дозволиле да пишувам, на телевизија појавувањето ќе биде ставено во графата „Ниту под разно“, а ако евентуално се појавам, ќе бидам така дефамиран така што сопствената мајка нема да може да ме препознае. Луѓето како мене, ако кажат спротивен став од „традицоналната и домаќинска“ Македонија, ќе добијат говор на омраза на „највиско ниво“: дека ќе бидат убиени, стрелани, децата и жените ќе им ги силуваат, на крајот, за оние со поголем животен sар: ќе бидат протерани.

Но, таму кај што сè, па и клерофашизмот, тешко оболел од распуштеност и инерција, државата толерира такви напади. Во таква држава, правосудните органи не се ништо друго освен војска и полиција: сурова и безочна сила. Судовите во оваа земја одговараат пред онаа „традиционална и домаќинска“ Македонија, онаа која се гади од секое право и сечија слобода, за почеток. Да, таквите закони им лежат како ладно оружје пикнатo в џеб. А нивните траги, така ли одеше (?), смрдат на нечовечност.

Сега, што се однесува до правдата, јас сум кафкијанец. Правото е ништо друго освен чист, арбитрарен терор. На кого му е до правна држава нека му се оствари желбата да живее во таква.

Мене, во времето на Груевски, а и не само мене, туку и купишта луѓе кои нешто „опасно“ се замерија со тие од власта, не влечеа по судови. Над секоја македонска судница треба да стои натпис: „Оние кои овде влегуваат нека заборават на секоја надеж“. Збогум на разумот, збогум на правдата, збогум на етиката – такви се македонските судови. Нема таква гадна пресуда која не може да се поткрепи со „својствено-правна процедура“ и член на законот и Уставот. Па, сепак, и после сè – тоа го прават македонските судови: носат „правно втемелени“ мајмунски пресуди.

Еве, и после нецела деценија, на пример, судот не може да донесе пресуда за Белата палата, најкриминалната зграда во земјата. Не можеш да донесеш пресуда во која тебе ти треба IQ не поголем од 65 и половина од големиот школски одмор. Што тука е украдено и злоупотребено, не е прашање на правда, туку е прашање на здрав разум. И кога имаш таков случај, а менталитетски се обврзуваш дека ќе работиш обратно од здравиот разум и правдата, што правиш? Ништо, „жртвата“ ја „обработуваш“ процедурално. Ако meritumot e јасен, го одјебуваш meritumot, со такви глупости не се занимаваш. Сакам да кажам, „жртвите“ ќе ги сплетеш во безброј процедури кои постојат за да бидат злоупотребени – и готова работа.

Или замислете, во оваа земја имате случаи кои траат по 5, 6, 7, 8, 9, 10 години. Тие судови кои не можат да одлучат со години, немаат право да бараат „судски трошоци“. Судски трошоци треба да им се платат на оние луѓе кои ги чекаат своите пресуди со години. На таквите дури треба да им се платат и милиони заради губење на време, енергија и на крајот – живци. Правосудството во Македонија произведе толку многу неправда и жртви, така што секој наш град треба да има „Плоштад на жртвите од кривосудството“.

Во оваа земја со години правосудството е дисфункционално. Или можеби треба да се рече: имаме многу функционално правосудство. Оти се чини дека основна функција на правосудството е да ги заштити криминалците, а таквата работа ја завршува одлично. Седи, одлично – чиста петка.

Нè поврзува, односно во чвор нè врзува, отсуство на правда – или илузија на правда. И отсуство од минимална правна сигурност.

Таквите правосудства и десиминација на неправда и беззаконие нам, покрај сè, ни соопштуваат и нешто друго: ни опишува во кое време ќе ги раскурцаме нашите животи. Календарот на мојот sид вели дека ова време е 21. век. Календарот, очигледно лаже.

Во минатите, предмодерни времиња, идејата на правдата подразбираше и крвна освета – беше запишана во Мојсеовиот закон: „Крв за крв, око за око, заб за заб; иста повреда каква што тој задал на некој друг така да му се зададе и нему“.

Неизвршување на крвна освета се сметало за најголем срам. Така зборува уште една изрека: „Кој не се освети, тој не се посвети“.

Нашите правосудни органи нè туркаат токму таму: во законите на варварството, нè туркаат во времињата и околностите на варварите.

Tags: кривосудствоНенад Јовановиќправосудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ