• Latest

Скромен прогрес во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации

February 27, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скромен прогрес во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации

February 27, 2018 12:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Има мал прогрес во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации, но потребно е да се работи и со едните и со другите. Граѓанските организации, кои имаат познавања од областа со која се занимаваат, не знаат како тоа да го преточат во конкретен предлог-закон, а пратениците немаат премногу желба да се отворат кон јавноста.

Од Фондацијата за демократија на Вестминстер, која во изминатите две години го спроведе проектот „Граѓаните во Собранието“ велат дека проблемот е и кај граѓанските организации и кај пратениците.

– Од една страна се граѓанските организации каде генерално се забележува дека иако се тие познавачи на темата и се засеганти со проблемот кој го застапуваат, сепак, не знаат како тоа да го преточат во конкретен предлог закон и тоа ефективно да го искомуницираат со пратениците. Од друга страна се пратениците со кои треба да се работи на воспоставување на пракса и увидување на користа од искористување на експертизата на НВО за креирање на законските решенија, изјави Ивана Петкуќеска од Фондацијата за демократија на Вестминистер.

Според Гордан Георгиев, поранешен пратеник и експерт во проектот, прогресот во комуникацијата меѓу Собранието и граѓанските организации е скромен затоа што Парламентот има конзервативна структура и пратениците немаат премногу желба да се отворат кон јавноста, но со тек на време ќе се зголемува интересот кај граѓаните да се вклучат во работата на Парламентот, а пратениците ќе имаат позитивен фитбек.

Актуелниот пратеник Павле Богоевски, кој доаѓа од невладиниот сектор, смета дека проблемот е во комуникацијата меѓу граѓанските организации и пратениците.

– Патот од граѓанска иницијатива до конкретен законски текст не е ниту брз, ниту едноставен, ниту може да биде направен преку ноќ. Невладините организации ќе го направат својот предлог и потребните истражувања, но на крајот на денот сепак треба да ги убедат пратениците дека нивниот предлог е оној што треба да биде ставен во законскиот текст, вели Богоевски.

Од Фондацијата за демократија на Вестминистер велат дека има механизами за учество на невладиниот сектор во Собранието и оти сега постои позитивен момент којшто треба да се искористи за да се надоградат овие механизми.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: граѓански секторкомуникацијаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ