• Latest

Села: Дебата во институциите, а не по улици и ровови!

March 20, 2017
Фото: Х/ ВИ

Неонацистичка иконографија во владините објави – администрацијата на Трамп со екстремистичка реторика

January 30, 2026

Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

January 30, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

January 30, 2026
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

January 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

ПОЛИТИКО: Мировен договор меѓу Русија и Украина наизглед блиску, но далеку од решението на суштинските проблеми

January 30, 2026

РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

January 30, 2026
Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

January 29, 2026

„Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

January 29, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

January 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

    Ненаучени лекции: Манипулативна злоупотреба на терминот „хибридни напади“ – кога државата измислува непријатели (17)

    РЕАКЦИИ: Власта не е нормална, реакцијата на работничките протести – идиотска, тешко нам!

    Илустрација ВИ

    Ненаучени лекции: Закон за соодветна и правична застапеност – Заштита или уште еден политички експеримент (16)

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Села: Дебата во институциите, а не по улици и ровови!

March 20, 2017 20:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интервју со Зијадин Села, претседател на Движењето за реформи на ДПА, Струга, 19 март 2017.

ЦИВИЛ Медиа: Кое е вашето мислење за постизборната ситуација во земјата и кои се предлозите на ДР ДПА за излез од кризата?

СEЛА:  За жал, постизборната состојба не ја разреши кризата, напротив, јас велам дека ја продлабочи уште повеќе. И, нормално е дека ние очекувавме едно вакво однесување, дотолку повеќе што постои одреден број на политичари, кои дејствуваат со инстинкт на самоодбрана, за одбрана на сè што направиле во овие десет години. Многу е јасно дека на оваа напната ситуација ѝ се додава уште повеќе тензија, а единствените луѓе кои имаат интерес за создавање на хаос, се токму тие што сакаат да ја избегнат одговорноста од Специјалното обвинителство. Сметам дека секој треба да одговара, или дека треба да има право да ја докаже својата невиност пред органите на правдата, затоа што Македонија, но и регионот, ќе треба да се вратат на патот на правната држава, затоа што тоа е вистинската форма, во која граѓаните потоа ќе се видат како слободни.

Кој е излезот од кризата…? Нема друг начин, освен по институционален пат. На крајот на краиштата, постојат пишани правила во државата и се многу јасни, и позицијата на претседателот на државата, што му е дозволено и што не му е дозволено… Јас сум поборник на идејата дека не треба многу да се гали истиот, како и сите останати политички актери кои се закануваат со политичка криза. Не треба воопшто да се вознемируваме за ова прашање, треба да го следиме институционалниот пат. Институционалниот начин е многу јасен, Владата и сè останато, се прави со 61 пратеник, минимум 61 пратеник, додека претседателот мора да му го даде мандатот на тој што го има тоа мнозинство, според Уставот и според надлежноста , и не му се дозволува да навлегува во измислени теми, некаде по партиски канцеларии, за некакво уништување на унитарниот карактер… Нешто што нема врска со реалноста и со територијалниот интегритет на државата, затоа што единствениот интегритет што овој пат ќе се уништи, откога ќе се создаде едно ново мнозинство и ќе се врати дебатата во институциите, таму каде што и е местото, е интегритетот на корумпираните политичари.

ЦИВИЛ Медиа: Деновиве во јавноста се вртат неколку ваши изјави. Би сакала да ми кажете од кој период се изјавите, вие сигурно знаете за кои изјави станува збор и, што сте сакале да кажете со овие изјави?

СЕЛА: Па, сега, се вртат многу мои изјави, не е само една. И тоа е збирка од извадени изјавиод контекст, зависно од контекстот во кој биле моите изјави. И, не можам сега да се враќам за да ги оправдувам сите тие изјави што се вртат во јавноста, коишто имаат за цел да ги поттикнат масите, за да се случи ова што се случува. Се сеќавам, беше точно во ноември, на првиот ден на изборната кампања, беше еден мој одговор на една телевизиска дебата со господинот Ангелов, тоа беше мој одговор на историски факти, затоа што тој навлезе во историја, кажа дека Албанците се дојденци во оваа држава и дека сме под 20%. И, јас зборував за неколку историски факти. Сега, тоа го вадат од контекст и го сервираат така, како што сакаат да го сервираат.

Има многу изјави. Гледам извадиле и нешто друго, дека ќе уривам…, градеа некаква порта во Општина Вевчани, а дека наводно јас ќе ја урнам таа порта. На пример, оваа изјава е дадена, ми се чини некаде во 2014 година, кога Општина Вевчани на влезот од Велешта ги смени таблите, ги тргнаа само затоа што на нив беше напишано и на албански јазик, на регионален пат, значи пишуваше на два јазика – и Вевчани и Велешта. Се пожалија и ги тргнаа патоказите, а во меѓувреме, микрофоните беа исправени пред мене, како градоначалник на Општина. Тогаш кажав дека тоа не е на територијата на Општина Струга, поднесов барање до Министерството за локална самоуправа, и изјавив дека доколку тој дел е на територијата на Општина Струга, тогаш ќе се вратат и двојазичните табли, но и дека ако е изграден некој објект без дозвола од Општина Струга, истиот ќе се урне. И, сега овие изјави се злоупотребуваат во разни форми.

Која е мојата позиција за овие работи? Сè што кажувам, во истото верувам и го мислам. Не се работи за тоа дека јас сега ретерирам од тие работи. Постојат многу отворени прашања, тука во Македонија, за кои сè уште не сме седнале заедно да ги решиме. Јас сум поборник на таа идеја, не сум кукавица што се крие зад мултиетничка Македонија, а од друга страна, сè што правам е за еднонационална Македонија. Тие што денес толку многу ја употребуваат и им е при срце мултиетничката држава, утре ќе ја заборават и сигурно ни малку нема да ги интересираат другите етнички заедници, ќе ги интересираат само политичките актери, експоненти кои доаѓаат од тие етнички заедници, и сè што ги врзува еден со друг, е криминалот и корупцијата, семејните интереси, а никако интересот на етничките заедници што живеат во Македонија.

Нашата заедничка декларација, декларацијата на албанските политички субјекти, и концептите кои ние како Движење за реформи, и јас како претседател на движењето, се – дека јас немам право да негирам нечии чувства. Јас верувам во правото на сечие самоопределување за својот идентитет. Народите не се раѓаат од Бога, се раѓаат како последица на политички околности. И, сега, создаден е еден народ со идентитет, кој за себе вели дека се Македонци, имаат свој јазик, и јас немам никаков проблем со тоа. Од друга страна, драго ми е за една работа, фактот што мене ме обвинуваат луѓе, кои нивната кариера ја градат врз повици за гасни комори за еден цел народ. Со задоволство ќе кажам дека јас не сум како нив. И тоа е добро.

Зијадин Села: Декларацијата е составена во Александар Палас (Скопје)…

ЦИВИЛ Медиа: За што се договорија партиите-потписнички на изјавата, албанските партии потписнички на декларацијата? За што поточно се договоривте?

СЕЛА: Декларацијата е јавна и нема ништо тајно во неа. Партиите – потписнички на изјавата, пред сè, се договорија за взаемна поддршка во врска со овие теми, за овие избори и за следните избори. Правото на употреба на јазикот е право стекнато со Охридскиот договор и не е некоја новост. Од друга страна, политичките актери кои си земале за право да влезат и да направат предмет на преговори нешто што е договорено одамна, нормално дека ќе треба да се соочат со одговорност пред граѓаните. Јас ви велам дека актуелниот Закон за употреба на албанскиот јазик, на пример, е неуставен. Зошто? Охридскиот договор никаде не го одделува јазикот што го говорат повеќе од 20% од населението, од пишувањето на истиот. Секаде во уставот, во 5-от амандман од Уставот, што го заменува членот 7 од Уставот, се вели дека јазикот што го зборуваат над 20% од населението и јазикот кој е различен од македонскиот, како и неговото писмо, е исто така, официјален, како што е предвидено со овој член. И, сега, не можеш да донесеш закон, ќе го земам како пример законот од 2008 година, во кој што е дозволено албанскиот пратеник да зборува на албански јазик во парламентот, а од друга страна, да не му дозволи да пишува на албански јазик, како и таблите во институциите и сите останати материјали да бидат на албански јазик. Така што, противуставно е да се оддели говорењето и пишувањето. И велам дека оваа декларација само ги поставува точките врз буквите „ј“,  за целосно да се имплементира тоа што е потпишано пред 15 или 16 години.

Заедничката декларација, од друга страна, има задача да го прекине експлоатирањето што се прави со години врз половина народ. Велам дека подеднакво експлоатирани се чувствуваат и граѓаните од другите етнички заедници. На крајот на краиштата, во изјавата пишува и за почитувањето на Законот за рамноправен регионален развој, законот што го изгласаа и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во 2009, во кој се предвидува 1% од БДП  да се дели на регионите за еднаков развој. И, овој закон не го изгласал ниту Еди Рама, ниту Тирана, како што некој се обидува да ја окарактеризира заедничката декларација, туку е закон изгласан тука, со гласовите и на Никола Груевски, и на неговите пратеници, и тука нема ништо спорно. Комисијата е таа што ќе се погрижи за еднаква и пропорционална поделба на буџетот.

Тука нема повреда на територијалниот интегритет на ниедна држава или индивидуална автономија,  тоа е за да го види граѓанинот својот данок во форма на инвестиција, во земјата во која живее, во својот дом, во својата населба, во својот град… А не како досега, кога ние имаме проблем со училиштата, што се однесува до минималните услови за образовен процес, како што е греењето, електричната енергија и клупите кои не се сменети повеќе од триесет години, а од друга, страна имаме проект во центарот на главниот град, „Скопје 2014“, кој приближно нараснува кон милијарда евра, преку инвестициите направени за него.

Значи, оваа декларација, првенствено, да нема заблуди, се однесува на односите што албанските политички субјекти треба да ги градат меѓусебно, и да не бидат поделени како што биле во овие 25 години. Јас така ја разбирам, и нема никаква врска со македонските политички субјекти. Ако ние седнеме и разговараме со нив, секој посебно, за јазикот, за други теми, мислам дека не треба да се прави компромис за овие работи, затоа што ние правевме компромиси долго време, во врска со јазикот.

На крајот на краиштата, често се соочуваме се прашања од типот – дека биле многу радикални нашите барања. Не, не е радикално да бараш да се реализираш себеси, таму каде што плаќаме даноци, како сите други. Оти, за даноците не се делиме. Многу е порадикално да протестираш за да не му овозможиш на другиот да си го реализира своето право.

Значи, декларацијата се однесува на односите што треба да ги градиме едни со други како политички субјекти, да не бидеме меѓусебна конкуренција, во натпревар за тоа кој попрв ќе биде дел од владата, затоа што во оваа форма му конкурираме на интересот на гласачите што не гласаа. Отсега па натаму, мислам дека ова не треба да се случува.

ЦИВИЛ Медиа: Зошто одбравте декларацијата да се потпише (ако е потпишана) во Тирана? Од Движењето Беса велат дека е потпишана таму, меѓутоа не знаеме дали навистина е таму потпишана? И, ако е, зошто е потпишана таму, а не тука? Се работи за Албанците од Македонија…

СЕЛА: Јас не знам каква е целта на Движењето Беса, ова прашање треба нив да им се постави. Декларацијата не е потпишана, декларацијата е цитирана, или прочитана, а составена е во „Александар Палас“. Се договоривме декларацијата да се прочита во исто време, на ист ден, од сите политички партии потписнички што ја прифатија оваа декларација. И сега, изјавите на Движењето Беса, гледам, им послужија само на оние, кои се заинтересирани да ја продолжат политичката криза, да го создадат хаосот, во кој ќе се спасат самите себеси, ризикувајќи го животот на граѓаните. И, не знам, не разбирам зошто тие имаат потреба да излезат со такви изјави, сакајќи да имплицираат сè околу.

Албанија, официјална Тирана, никогаш немала некоректен пристап кон Македонија, иако, со Уставот, премиерот на државата е должен да се грижи за Албанците секаде каде што живеат, тие не го правеа тоа. Единствената земја во регионот, со која Македонија нема ниту еден проблем, што се однесува до идентитетот, името на државата, црквата…, е Албанија. Да, со Србија има проблем со нерешените прашања за автокефалноста на црквата, со Бугарија – прашањето за идентитетот и јазикот, со Грција прашањето за името…, со Албанија, нема спор. И, идејата за нивно вклучување тука, мислам дека уште повеќе со укажувањето и редовното повторување од еден политички субјект кој се нарекува себеси – албански политички субјект, мислам дека е погрешно. Тенденцијата е, сè чини, заедничката декларација да не го добие заслуженото место.

Но, заедничката изјава не го носи печатот на Тирана, туку го носи печатот на Скопје. Заедничката декларација на албанските политички партии е потпишана во 1991 година, во моментот кога Македонија прогласи независност врз основа на одземање на правата на повеќе од една третина од населението, кои се Албанци. Не е некоја тајна, во Уставот од 1974 година, албанскиот беше службен во Македонија, заедно со македонскиот и турскиот јазик. Правото на користење на знамето, исто така. Имаше локална власт која реално и навистина беше децентрализирана.

И, сега, без дебата, без да се прашаат Албанците, ни се одземаа правата. И, јас затоа инсистирам да се каже дека заедничката изјава што резултираше со последователни политички платформи на албанските субјекти во овие 25 години, кои што ги содржат, помалку или повеќе овие работи од заедничката декларација, е потпишана во Скопје во 1991 година, кога ни ги одзедоа правата.

И, повторно во Скопје, ќе мора да се вратат тие права, тие нема да се вратат во Тирана или во која било друга земја. Ова што се прави е само врева за ништо, од еден претседател на држава кој се нарекува себеси така, а ги застапува само интересите на еден политички субјект. И, не е првпат да се однесува на овој начин. На овој начин се однесуваше и кога ја прогласи фамозната амнестија. И, јас не знам зошто некој треба да ѝ придонесе на оваа идеја, дека нешто било потпишано во Тирана. Не е потпишано во Тирана, тоа е изворна изјава, од овде. И беше потпишана во Скопје, во 1991 година.

Зијадин Села: ВМРО-ДПМНЕ не била сама во власта, ДУИ била со нив…

ЦИВИЛ Медиа: Сепак, излеговте во Тирана…

СЕЛА: Во Тирана имавме една средба. А, такви средби, во овие 25 години, имало постојано. Сите лидери на политичките партии се состанувале со премиерите на Албанија или со политички субјекти од Тирана, како што верувам дека, исто така, се среќаваат и припадниците на другите политички партии во Македонија. Велам, исто така има и српски партии, кои одржуваат редовни контакти со владата на Србија, ВМРО-ДПМНЕ држи постојан контакт со функционери од Бугарија, Србија… И,  тоа не е забрането да се случува, уште повеќе, ако се има предвид дека патот по кој сме тргнале е патот на Европската унија, за која што примарни се добрососедските односи, со сите тука во регионот. Ова што се случува, не придонесува за добрососедски односи.

ЦИВИЛ Медиа: Според вас, кој прави опструкции за излез од политичката и институционалната криза?

СЕЛА: Според мене? Една група луѓе заглавени во криминал и корупција, кои се заинтересирани да нема ниту една легитимна институција, затоа што, полека – полека, и легитимитетот на локалната власт е при истекување, нели, а крајната нивна цел е да ја спасат нивната кожата и валканото богатство што го имаат акумулирано во текот на овие години. И, овие луѓе се многу малку.

Јас ги повикувам да се освестат сите оние, кои се приклучија на протестите за наводно задржување на унитарниот карактер на државата, зачувување на територијалниот интегритет и зачувувањето мултиетничка Македонија. Апелирам, нека го сторат истото, нема никаков проблем, но тоа не треба да биде насочено против цел еден народ.

А оние пак, кои на некој начин ги штитат и им служат, се токму овој грст политичари, кои се многу малку, и кои, за жал, ја предводат ВМРО-ДПМНЕ, а кои, верувајте ми, немаат идентитет. Криминалот и корупцијата немаат идентитет. Без оглед дали е криминал сторен од Албанци или Македонци. Единствениот идентитет на криминалот е интересот, парите, правењето ерес од животот на граѓаните и ограничување на слободата на другиот. Значи, овој вид на идентитет е тоа што тие сакаат да го заштитат, никаков друг идентитет.

ЦИВИЛ Медиа: Значи, според вас, само ВМРО-ДПМНЕ има вина за опструкциите за излез од кризата, самите се заглавени во криминалот?

СЕЛА: Не е во ред да се генерализираат работите и да се каже „ВМРО-ДПМНЕ”. Тоа не е во ред. Јас не сум и не може да бидам против политичките партии. Во однос на провиниенцијата, велам, ДР ДПА е партија со провиниенција на десниот центар и, ние може да имаме некоја иднина и коректни односи, со оглед на тоа што и тие се од десниот центар, како политички субјект.

Но, овој политички субјект навистина мора да подлежи на вистински реформи во неговите редови. Отсега натаму, ќе треба да не се занимаваат многу со другите и да не прават кампања против еден народ овде во Македонија, Албанците, туку да се занимаваат со сопственото реализирање. И, не само со тоа. Јас не мислам и немам право да прогласувам криминалци, бидејќи јас не сум оној што ги знае сите детали. Јас може да се сомневам, гледајќи го она што се случува во текот на годините. Сепак, органите на правдата ќе треба да бидат оние, кои треба да го кажат нивниот последен збор. Не овие политизираните, туку органите кои треба да делат правда според законот и Уставот, како и тие што делат партиска и политичка правда.

И, не само ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, ВМРО-ДПМНЕ не била сама во власта, била и ДУИ заедно со нив. Се разбира, може да има и други лица во рамки на други политички субјекти, во редовите на оние што ја злоупотребиле власта. Сега е моментот, кога сите треба да одговараат. Без исклучок, на која политичка партија припаѓаат, на која етничка заедница и припаѓаат, секој ќе мора да одговара пред органите на правдата. Имам кажано и јавно, дека секој пратеник треба доброволно да се откаже од имунитетот, со цел да одговара пред институциите на правдата.

Зијадин Села: Дебатата треба да се врати во институциите…

ЦИВИЛ Медиа: За крај, можеме да видиме на социјалните мрежи дека се формираат паравоени формации, од иницијативата, или не знаеме од кого, кај Македонците. Која е вашата порака, особено за Албанците, во овие моменти на криза?

СЕЛА: Прво и основно, сакам да им порачам  на органите на редот, обвинителството, на сите, сум слушнал изјави дека сакаат да соберат паравоени единици, а такви луѓе не ја заслужуваат слободата. Тие треба веднаш да бидат уапсени и ставени во затвор, каде што припаѓаат. Против кого тие сакаат да ги направат овие единици, тие паравојници?

Каква порака би имал до Албанците? Албанците треба да бидат внимателни и да ја следат ситуацијата. Повторувам, немаме барање да му земеме некому нешто. Сакаме да се реализираме себеси и да ги живееме нашите животи во иднина, со достоинство, еднакви, бидејќи, на крајот на денот, тоа е демократијата во суштина, да бидеш еднаков со другиот и да не се поставуваш ниту во позиција на газда, ниту во позиција на роб, нели.

Едно е сигурно, ако тие сакаат да не заплашат со паравојски и со такви работи – не, нема да се исплашиме. Единствениот страв што го имаме е за иднината на нашите деца во Македонија. И, не само на нашите деца, туку на сите деца, од сите етнички заедници во Македонија. Ќе мора да се смири зовриената крв, работите да се земаат со повеќе ладнокрвност, бидејќи не се работи за повреда на правото на другиот, туку за реализација на сите оние, кои живеат тука во Македонија.

Живеевме како заедници, дури и пред да постои македонската држава и немаме друг избор, освен да го изградиме нашиот живот заеднички овде и сега, но исто така, и во иднина. Сите оние кои се обидуваат на овие начини да стигнат до една цел, верувајте ми дека најпрвин не ѝ го посакуваат доброто на својата заедница, а потоа и на другите. Живееме во еден друг век и таквите форми не носат ништо.

Дебатата треба да се врати во институциите, што е можно поскоро. Јас сум следбеник на идејата дека секоја дебата треба да се отвори, за сè треба да се дискутира, но не по улици и ровови, туку во парламентот, таму каде што им е местото на дебатите, затоа Собранието треба што е можно поскоро да започне и да ја работи својата работа.

Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов

Tags: ДР ДПАЗијадин СелаизбориинтервјуМакедонијаполитичка кризаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Њујорк тајмс: Албанија создаде „дигитална министерка“ за сузбивање на корупцијата, потоа креаторите се најдоа под истрага за корупција

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ