• Latest
Ерол Ризаов

Славенички салви за поразите и неостварените надежи

September 9, 2025

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Славенички салви за поразите и неостварените надежи

По три и пол децении Македонија не ја оправда независноста. Не е остварен сонот на граѓаните за успешна демократска европска држава

September 9, 2025 10:08
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Ги слушам топовските салви како одекнуваат од скопското Кале спроти 34-годишнината од независноста на Македонија. Сѐ е исто како и лани, како и сите овие изминати години. Се слават големите успеси без да се набројат, оти малку што има да се брои. Се поделија наградите за заслуги, повторно по којзнае кој пат гледавме здодевни свечени академии, жестоки и огнени говори добро накитени со партиска предизборна пропаганда за хероите, патриотизмот, непријателите, предавниците и арамиите. Се прославија неостварените надежи и големите порази.

Немаше венци и цвеќиња за паднатите борци за слобода, бидејќи независноста по крвавиот распад на Југославија е извојувана без ниту еден испукан куршум и без ниту една жртва на територијата на Македонија. А, можеше да има жртви и разорувања како и во сите југословенски републики, недостигаше само една искра тоа да се случи. Тој што е најзаслужен што единствено Македонија ја оствари независноста по мирен пат, првиот претседател на државата, Киро Глигоров, единствениот македонски државник во долгата и мачна транзиција, речиси и не се спомна.

Можно е нешто да сум пропуштил додека се обидував безуспешно да го видам и затемнувањето на Месечината, како што најавија, ќе биде обоена во црвена боја, позната, како „крвава Месечина“. Си велам, како стар новинарски циник, годинава баш убава симболика за одбележување на историскиот датум. Ама ништо не видов, гледајќи во небото. Од овој крај на светот не можело да се види ништо подалеку од носот. Наместо во небото требало да се гледа што има зад ридот на земјата.

Покорно кон изневерените надежи

Е, па, драги мои, ајде да видиме што има да се слави и кои големи успеси се постигнати во изминатите 34 години. Кои државни интереси и очекувања што ни ги ветуваат со децении ги остварија нашите политичари, нашите влади, премиери, претседатели, институциите на системот, научни и интелектуални елити, вклучувајќи ги и граѓаните на Македонија со својот покорен однос кон изневерените надежи.

Кој е „најзаслужен“ што стасавме на ова дереџе кај што сме сега. Со други зборови, дали за овие три и пол децении Македонија ја оправда независноста, или пак перцепцијата кај мнозинството граѓани е точна дека ниту оддалеку не е остварен сонот на граѓаните за успешна демократска европска држава.

Колку е ова точно може и емпириски да се докаже со прецизни  статистички податоци ако се земат предвид анализите и пишаните документи на Републичкиот завод за статистика за развојот на Македонија од 1945 до 1984 и до 1991 година. Но, да ги препуштиме здодевните статистики на експертите за развојот во сите области пред и по независноста и да ги погледнеме резултатите за кои не ни е потребна ниту статистиката, ниту стручните и научни анализи, туку како современици и сведоци на независноста што очекувавме, а што се оствари од големите надежи да се има своја смостојна држава.

Прво мора да се земе предвид што наследија политичките елити на независната држава од своите претходници кои победија во антифашистичката војна во која Македонија даде преку 20.000 жртви за првата своја асномска држава, федерална Македонија која стапи во сојуз со југословенските републики. За период од 1945 до 1979 година, значи за 34 години, ако сакате мерите и до годините на големата криза во Југославија до 1990 година, за период од 45 години напредокот на Македонија е фрапантен. Од земја на сиромаштија и беда, на маларија и туберколоза, без речиси никаква инфраструктура, на неписменост и вековна заостанатост, изградена е држава со сите обележја на државност во сите области. Прерипнати се векови само за неколку децении. Македонија го достигна својот највисок дострел.

Распродадено богатство како на кванташки пазар

Победниците во Антифашистичката војна оставија извонредно богатство, огромно наследство за надградба на успешна европска и демократска држава. Намето тоа, наследството за неколку години е распродадено бадијала како на кванташки пазар, како во приказната кога Евреинот пазарел да купи куќа прво прашал дали ти ја градеше куќата, или ја наследи од татко ти. Демек, ако е од татко ти лесно ќе се пазариме. Нѐ излажаа како мали деца со лижавче дека ако сакаме демократска повеќепартиска држава треба да се приватизира државниот имот. Откако заврши озаконетиот грабеж и ја инсталиравме преку ноќ домашната олигархија разбравме дека и најуспешните и најбогати капиталистички земји имаат големи државни компании.

На будалите им текнува отпосле. Па така, најуспешните македонски златни кокошки ги купија европски и соседни  државни компании. Останатото заврши во рацете на нашите новокрунисани кнезови. Резултатот е многу јасно видлив, на една страна уништена економија, беда, сиромаштија, сѐ што може да замине од татковината се сели со радост, а на друга страна арогантна парада на домашни милијардери на кои катастрофалната политика им овозможи озаконето да го наследат државниот имот кои го создадоа генерациите со многу жртви и откажувања во перодот од 1941 до 1991 година.

Демократија со присила и репресија

Ќе речете тоа е цената на новото демократско повеќепартиско општествено уредување. Но, прашањето е дали Македонија стана демократска држава по урнекот на западна Европа, или пак сѐ уште сме некакава формална и лажна демократија каде организираниот криминал и високата корупција, грубата партизација и пропаганди на меѓусебна омраза владеат со правото, кажано поточно, со државата.

Одамна е познато дека најважно за новиот општествен поредок е владеењето на правото. Тоа е суштински сегмент на демократијата. Надвор од демократијата принципот на владеење на правото претставува гола форма и се трансформира во инструмент на присила и репресија до диктатура.

Во Македонија драматичните повици кои ги слушаме деновиве за владеење на правото со целосна партиска контрола и невиден притисок врз правосудниот систем е токму политиката на присила и закани. Класичен пример дека без демократија владеењето на правото е тешка злоупотреба на власта. Основната функција на владеење на правото е сосема спротивна од она што ни се случува. Само со ограничување на политичката власт и обезбедување на ефикасна заштита  на човекот и на неговите слободи и права можен е предуслов за изградба и функционирање на слободно општество.

Ете толку за нашата демократија која прерасна во присила и страв каде наместо ограничување на политичката власт сведоци сме на ограничување на демократијата, без која нема никакви шанси за развој.

Успесите станаа велепредавства

Конечно, кои се нашите вистински успеси во изминатите 34 години кои сите до еден се прогласени за велепредавства и девалвирани до ќор-сокак  од кој нема излез. Прво, референдумот за независност, оспоруван поради прашањето дали сте за независна суверена држава Македонија со право да влезе во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Вториот дел од референдумското прашање со право да влезе во иден сојуз на суверени држави веднаш од големите патриоти беше прогласено за подготовка за предавство на националните и државни интереси.

Вториот голем успех членството во ОН со привременото име БЈРМ исто така беше прогласено за велепредавство. Блиску до здравиот разум е дека ако Македонија не го прифатеше тоа уште до ден денес  ќе бевме „ничија земја“ без членство во ОН.

Третиот најголем успех се храброста да се прифатат остапките со потпишување на Преспанскиот договор со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија за остваруваење на најголемите стратегиски државни интереси членството во НАТО и во ЕУ. И тие се прогласени за велепредавство на националните и државни интереси. Ќе треба да помине уште извесно прескапо изгубено време, ако не биде предоцна, додека не осознае пошироката јавност колкава заблуда и колку огромна штета е нанесена на Македонија и нејзините граѓани со пропагндите  за велепредавства кои ВМРО-ДПМНЕ во битките за власт ги доведе до самоблокада за членство на Македонија во ЕУ.

Ако и од ова не може да се извлече заклучок кој колку е виновен за неуспесите на Македонија и зошто не ја оправдавме сѐ уште независноста на државата, тогаш пресметајте кој колку владеел и што направил за време на своите мандати. Двете најголеми македонски политички партии, заедно со експертската влада на Никола Кљусев, на власт се речиси подеднакво по околу 17 години и секогаш во Собранието како моќна опозиција. Вината за неуспесите е во кукавичлукот и безидејноста на политичарите во власта и на опозицијата. А уште поголема што најголемите успеси што од поодамна не станавме современа европска држава се прогласени за предавства на националните и државни интереси и тоа е прифатено од мнозинството граѓани и од интелектуалните и научни таканаречени елити и, се разбира, од предавството на медиумите кои ја прифатија таа улога да направат пустош во свеста на граѓаните.

Ете тоа е кратката приказна за роденденот на независна Македонија со истите одамна изгасени свеќи на тортата со изминат рок на употреба.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен.мк.

Tags: демократска европска државанезависностСеверна Македонија
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ