• Latest

Славјанка Петровска не ја допираат навредите од Кочоска „дека нема деца“, министерката не и се извинува, ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „Славица“ и дека „глуми жртва“

February 28, 2025

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Славјанка Петровска не ја допираат навредите од Кочоска „дека нема деца“, министерката не и се извинува, ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „Славица“ и дека „глуми жртва“

February 28, 2025 10:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот инцидент во македонското Собранието каде министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство и два сина (видео од изјавата на министерката на следниот линк), доби продолжение со дообјаснување од Петровска и Димитриеска-Кочоска. Реакции следеа и од пошироката јавност и од политичките партии.

Славјанка Петровска синоќа во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 рече „намерата на Кочоска беше да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца“.

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата истакна дека во парламентот упатила прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не добила одговор.

– Јас добив навреда, но не ја примив навредата, дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку, нагласи Петровска.

-Наместо тоа мене вака ми се обрати министерката: „Не можам да кажам, почитувана“. Дали јас со нешто ја навредив. НЕ. „За да кажам почитувана мора да ја заслужите мојата почит“, НЕ. Во диктатура е така, во демократија е обратно, министрите се тие кои ја бараат почитта од пратениците, без разлика од која партија доаѓаат. „Врз основа на тоа што вие во уста ги ставате мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“. – на што алудира ова ако не на потценување и обид да ме дискредитира, да ме дискриминира заради тоа што јас немам деца. Тоа е моја лична состојба, мојот личен статус и тоа дали сум сама, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање. Зошто е тоа така знам јас и судбината. Јас жалам што еве веќе 15-тина минути дискутираме за нешто што денеска се случи во парламентот, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Да бевме нормална држава, во којашто постоеше одговорност и во којашто се знаеше редот, кој поставува прашања во парламентот и кој кого повикува на одговорност јас очекував дека досега ќе имавме оставка од министерката, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“.

Министерката Димитриеска Кочоска во објава на фејсбук не се извини за искажаните зборови кон пратеничката Петровска, рече дека била извадена од контекст и нагласи „Славјанка глуми жртва“.

,,Ја разбирам хистеријата која СДС и нивните ботови ја шират околу мојот политички дуел во сообранието со Славјанка Петровска. Замислете да не беа овие квалификации, редица навреди и лажни обвинувања што ги упатуваат кон мене која сум исто жена, што друго ќе се паметеше од денешната седница.

Што се однесува до моите зборови кон Славјанка Петровска која лично како жена сум ја бранела кога многу други ја напаѓале, беа извадени од контекст и се толкувани како лична навреда.

Никогаш немав и ќе немам намера да ја навредам лично, ниту, пак, да ја сведам дебатата на личен контекст. Јас сум личност од која никогаш нема да слушнете лични навреди, и жалам што дел од јавноста е манипулирана во тој контекст, и жалам што погрешно беа разбрани моите зборови.

Она што сакав да потенцирам беше дека почитта треба да се заслужи со дела и одговорност. Госпоѓата Петровска, освен што стана позната по низа политички гафови и неумесни постапки, беше и доследен поддржувач на политиките на СДСМ и ДУИ – политики кои ја доведоа државата до оваа состојба.

Да потсетам, во времето кога госпоѓата Петровска беше министер, инфлацијата растеше, а не видовме ниту еден конкретен предлог од нејзина страна за подобрување на економската ситуација. Тогаш, кога беше на функција, тоа не ѝ пречеше, но денес зборуваме за состојба што е директна последица на тие политики. Државата беше доведена до работ на банкрот, стотици илјади граѓани се иселија во потрага по подобар живот, а над 600 илјади луѓе живееја во сиромаштија.

Сето ова не сакаат да се слушне гласно, затоа Славјанка глуми жртва“, стои во фејсбук објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Со осуда за навредите кон Петровска, освен широката јавност, реагираше потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, лидерот на СДСМ, Венко Филипче и Форумот на жени на СДСМ.

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, остро го критикуваше излагањето на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која, како што вели, се обидела да ја потценува пратеничката Славјанка Петровска. Според Костова, изјавата на Димитриеска-Кочоска претставува уште една потврда за родовата дискриминација која, како што посочува, ДПМНЕ ја практикува со цел да ги понижи жените, особено во политиката.

„Оваа изјава е пример на безобразна родова дискриминација. Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката за финансии ја отфрла критиката на Петровска и со потценувачки тон ѝ вели дека не знае колку троши четиричлено семејство,“ објави покрај другото Костова на Фејсбук.

Претседателот на СДСМ Филипче вели: „Шокиран сум од навредата што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца, ме згрози“.

Тој изрази жалење што „Славјанка повторно е мета на напади“.

Според Филипче, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, „сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката“. Според него, ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува. Тој побара од сите граѓани кои веруваат во демократските вредности да го осудат овој срамен чин.

Портпаролката на Владата, Марија Митева за дуелот во Собранието и навредата на министерката Гордана Димитриеска Кочоска кон пратеничката Славјанка Петровска, вели дека СДСМ се мајстори за спинување и лажни вести.

„Не можам да се согласам или барем јас не ја видов интенцијата за навреда во одговорот кој што го даде министерката за финансии, од причина што немаше начин во кој што истото се однесуваше на она што подоцна СДСМ го искористи и спинуваше. Во изминатите денови се потврди дека навистина се мајстори за креирање на лажни вести, рече Митева.

Митева истакна дека во кабинетот на министерката работат 25 луѓе од кои 21 се жени и никогаш немала досега впечаток дека (министерката) функционира на лична навреда, особено не кон жена и не смета дека вчерашниот одговор беше во насока на лична навреда кон Петровска.

„Кога ќе слушнете навреда кон вас, барем природно ни доаѓа да реагираме во истиот момент или можеби веднаш на потоа. Реакцијата стигна час и половина од одговорот на министерката за финансии, односно по паузата за ручек на кој што имаме информација дека долу следела една кратка координација меѓу пратениците на СДСМ и веднаш потоа се извади веста дека начинот на кој што тоа е кажано тоа значи, кажа портпаролката на Владата во емисијата „24 анализа“.

Митева потенцира дека „никогаш не би си дозволила да не искритикува доколку станува збор за лична навреда со интенција“ и во случајот „одговорно тврдам дека немало интенција на навреда“.

ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на министерката Кочоска истакнувајќи дека јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска, нарекувајќи ја Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.

„Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања.

Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртвата, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми. Граѓаните заслужуваат одговори, а не лажна емпатија и театралност. Време е Петровска да престане со оваа политичка манипулација и конечно да понуди нешто повеќе од лични повреди и празни фрази.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ