• Latest

Слободен печат: Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

March 19, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Слободен печат: Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

March 19, 2025 15:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени честички од азбест. Оние граѓани на Кочани кои што се наоѓале во близина на објектот, тимовите што ќе учествуваат во отстранувањето на остатоците од градбата, увидните тимови и луѓето што кобната ноќ на 16 март успеале да избегаат, мора да се прегледуваат редовно, апелираат лекарите со кои зборуваше „Слободен печат“. Самиот материјал не може да изгори ни да се стопи и претставува еден од најогноотпорните материјали.

Проблемот настанува кога азбестот со кој бил изграден покривот и дел од конструкцијата во импровизираниот објект „Пулс“ се разградува, како што било случај со изгореното кабаре без лиценца. Тогаш влакната од кои е составен азбестот се пренесуваат во воздухот, но не може да се видат со голо око. Сите шест форми на азбест Светската здравствена организација ги оцени како канцерогени. Азбестните влакна од сронета, разградена азбестна површина може да останат во воздухот со денови, пред да паднат на земјата. Тие се толку мали и лесни, што со самото движење може да се разлетаат повторно. Станува збор за многу специфичен, сензитивен материјал.

Доктор Бојан Трајковски за „Слободен печат“ вели дека не може да се каже колкаво е „загадувањето“ што азбестот од „Пулс“ го направил, но дека тие луѓе што биле внатре треба да се следат медицински долгорочно, затоа што ако се случат промени на полошо кај нив, тогаш тие би настанале по подолг временски период.

-Азбестот е штетен за луѓето што се долгорочно изложени на него и тогаш доведува до мезотелиом, што е најтежок облик на рак на обвивката на белите дробови. Втората болест до која доведува е рак на белите дробови. Третата е азбестоза што претставува слепување на алвеолите во белите дробови и тешко дишење. Изложеноста била кратка, но не можеме да оцениме колкаво е загадувањето што азбестот го направил додека луѓето биле внатре – ни рече доктор Трајковски.

Трајковски додава дека во 2005 година низ цела Европа е воведена забрана за азбестот во градежништвото и тогаш почнуваат да се формираат служби што го отстрануваат и го транспортираат од објектите. Нивните системи за заштита се т.н. хазмат системи. Докторот смета дека по пожарот не би можеле да се во опасност сите жители на Кочани, туку медицинско следење поради азбестот треба да има само за присутните во „Пулс“ во критичната ноќ.

Работата со азбест вклучува многу строги правила кои што во правилникот се наведени, а меѓу нив клучна е опремата за заштита. И Правилникот за работа со азбест го потенцира ова. Во Правилникот е наведено дека вработените и нивните претставници кај работодавачите треба да имаат пристап до резултатите од мерењата на концентрацијата на азбест во воздухот и да можат да добијат објаснувања за тие резултати. Ако резултатите ја надминуваат вредноста од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек, тогаш засегнатите вработени и нивните претставници кај работодавачот се консултираат за мерките што треба да ги преземат.

Правилникот за работа со азбест упатува на здравствени проверки на луѓето што работат со него и водење поединечно здравствено досие за секој работник. Исто така, се води и евиденција на временската изложеност во просториите каде се работи во близина на азбест што е распаднат, а заштитни мерки се многу строги.

Повеќе во прилогот на Слободен печат

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ