СЛОБОДНА ЗОНА со Перо Наумовски и Јане Ѓорѓиоски
„Системот мора да покаже еластичност и креативност во решавање на проблемите. Институциите да не се користат единствено за санирање и лечење на последиците, туку мора активно да реагираат во превенирање на потенцијалните опасности за нарушување на функционирање на системот.
Примерот со Еуростандард банка треба да биде опомена, но треба и да се извлече поука.
Да се анализираат состојбите и да се извршат измени, ако е неопходно, и на повеќе законски решенија со единствена цел квалитативно да се подобрат можностите за навремена и ефикасна реакција на институциите која ќе овозможи, не само еднаква заштита на сите штедачи (и на оние со заштеди преку 30.000 евра) и на правните лица – клиенти на банките, туку и на подобрување на вкупниот правен систем кој ќе гарантира заштита на правата и еднаквост пред законите на граѓаните, државата и економските субјекти“, пишува Перо Наумовски во анализата „Да не се брза со измени на Законот за банки“.
„Пред неколку денови на панелот „Говорот на омразата во политиката“, во организација на ЦИВИЛ, Петар Богојески се обиде неговиот експлицитен говор на омраза пласиран во последно време на социјалните мрежи да го прикаже како експеримент и истражување.
Повеќе од јасен е одговорот на прашањето дали се работи за „социјален експеримент“ или во борбата за политички поени не се бираат начините да се стигне од „500 до 50.000 гласови“, пишува Јане Ѓорѓиоски во анализата – „Експериментот“ на Богојески.
Д. Муратов