• Latest
Photo by Johannes Plenio on Unsplash

Слободна зона со Орданоски, Кекеновски, Дерала, Иванов, Писарев, Мишев

February 2, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Слободна зона со Орданоски, Кекеновски, Дерала, Иванов, Писарев, Мишев

Денеска во Слободна зона, Орданоски пишува за ДУИ, Кекеновски за странските инвестиции, Дерала за сајбер нападите, Иванов за Бугарија, а Писарев и Мишев за различни аспекти на руско-украинската криза. 

February 2, 2022 21:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Johannes Plenio on Unsplash

Photo by Johannes Plenio on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Дури шест автори се појавуваат во Слободна зона на ЦивилМедиа денеска. Како и обично, дел од тие текстови се анализи, додека останатите се колумни и коментари на најважните теми во земјава и во светот. Орданоски пишува за ДУИ, Кекеновски за странските инвестиции, Дерала за сајбер нападите, Иванов за Бугарија, а Писарев и Мишев за различни аспекти на руско-украинската криза.

Добро утро со Орданоски

„Цврстината на функционерските инсталации на ДУИ, во смисла на почитувањето на хиерархијата и координацијата, секогаш биле „понепробојни“ од опуштените партиски структури дури и на ВМРО-ДПМНЕ, а не па на пословичната лабавост на СДСМ. Кај ДУИ нема трте-мрте каков договор и да треба да се искоординира или спроведе, бидејќи не еднаш е кажано дека тие директно му одговараат на Али Ахмети прво, а потоа, ако баш мора, на утврдената државна номенклатура.“, прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „На Али Ахмети му прекипе!“.

Проф д-р Јове Кекеновски

„За волја на вистината, владата на Заев дополнително преку Фондот за иновации финансираше разни иновации на приватни домашни компании и инвеститори. Општ впечаток е дека со народни пари се финансираа иновации на фирми и субјекти блиски на партијата на власт. Иако за овој начин на „субвенционирање“ постоеја многу нелогичности, сомневања и општо незадоволство, надлежните институции кои требаа да ги гонат нелегалните дејствија и индиции за сторен криминал повторно молчеа и за жал сѐ уште молчат, иако таму веќе се сменија тројца директори.“, пишува Јове Кекеновски во колумната „Македонија за странските инвеститори мајка, за домашните ниту маќеа“.

Џабир Дерала

„Благодарение на деноноќната работа на нашите сајбер ангели-чувари, сè досега успешно му одолеавме на огнот што доаѓа од „мултиракетниот систем“ на нашите „обожавател(к)и“ од другата страна на фактите. Особено жестоки изрази на „љубов“ ни беа испратени во теконт на изминатиот викенд, но и додека ја пишувам оваа блиц порака до јавноста, не нè оставаат на мира. Без оглед на „благата непријатност“ што ја предизвикува „шпалирот“ од копјаници кои ја опкружуваат нашата и вашата СЛОБОДНА ЗОНА, работата продолжува непречено. Со секое вакво „охрабрување“, нашите тимови стануваат порешителни од кога и да е порано.“ , Џабир Дерала во Блицот „Огнот на „мултиракетниот систем“ од другата страна на фактите“.

Зоран Иванов

„Конкретно за нашите Македонци во нели, европска Бугарија. Да бараат, да инсистираат тие самите да си ги почитуваат сопствените европските прописи. Да си ги спроведуваат сопствените европски пресуди на сопствениот суд во сопствениот европски Стразбур. Конкретно, да си ги спроведат во дело веќе рекордните 16 пресуди на иста тема донесени во корист на веќе угнетените етнички Македонци државјани и граѓани на европската Република Бугарија.“, во Брзата пошта од Зоран Иванов „Ехото од европското дувло на човековите права“.

„Воочи овонеделните дипломатски активности, во понеделник Москва му испрати писмо на Вашингтон, како одговор на предлозите на САД како да се оконча криза околу Украина.  Стејт департментот потврдува дека писмото е пристигнато, но дека нема да ја објават неговата содржина, со напомена дека би било непродуктивно неговата содржина да биде јавно објавена. Таквата одлука останува на Москва. Но Москва демантира дека го испратила писмото.“, Александар Николиќ Писарев во анализата „Кризата околу Украина се доближува до преломна точка“.

Драган Мишев

Секој потенцијален конфликт во Украина е нужно поврзан со прашањето за потребите на Европа за гас и улогата на Украина во нивно снабдување. Но, според експертите, Украина можеби ќе треба да ја преиспита својата улога во европскиот гасен систем и да изнајде начини да ги диверзифицира сопствените потреби од снабдување со гас, во спротивно, ќе продолжи да зависи од Русија. Полска веќе го направи својот стратешки потег, градејќи гасовод до Норвешка и терминалите за ЛНГ за увоз на гас од САД и Катар., пишува Драган Мишев во анализата „Зависноста на Европа од руски гас и неговата улогата во тензиите помеѓу Русија и Западот околу Украина“.

Дескот на ЦивилМедиа

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ