• Latest

„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ низ бројки

July 13, 2016
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ низ бројки

July 13, 2016 13:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, започна на 1 јули 2015 година, а заврши вчера, со промоција на публикацијата „Слободни избори: Услови за кои не се преговара“ во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Публикацијата е резултат на напорите на ЦИВИЛ да обезбеди долгорочен мониторинг и анализа на политичките и општествените процеси поврзани со изборите, особено со гласачкото право и со човековите права и слободи во целина. Извештаите, анализите и препораките во публикацијата произлегуваат од трудот и упорноста на проектниот тим на ЦИВИЛ во подигање на јавната свест, едукацијата и мобилизацијата и активното вклучување на граѓанките и граѓаните во обезбедување на слободни и демократски избори.

Проектот започна со различни форми на истражувања, со кои беа опфатени голем број граѓанки и граѓани, на повеќе теми и низ повеќе градови од државата, со цел – да се направи преглед на ставовите на граѓан(к)ите за политичките случувања во државата, за тоа кои се нивните приоритети.

Беа спроведени 5 фокус групи со вкупно 40 учесници, 6 семинари, од кои еден тренинг-семинар во Скопје, 5 видео анкети на теми: Дали треба да се одложат изборите закажани на 24 април?, Дали знаете кој е Емил Димитриев? Дали изборите ќе се одржат на 5 јуни?, До кога ќе протестирате? и Дали мислите дека младите се искористени од политичките партии?, 6 онлајн анкети со вкупно 4 .472 испитаника на теми: ДИК и избирачкиот список, Договорот од Пржино и изборите, Дали ги поддржувате протестите на Шарената револуција?.  Дали и какви избори ќе има на 5 ти јуни?, Дали се создаваат услови за слободни избори во Македонија? и Дали се спроведуваат слободни избори во Македонија?.

Во текот на годината, во рамки на проектот беа спроведени и 25 јавни настани и над 60 инфо-штандови во 50 општини, од кои 19 на различни локации во Скопје. Преку овие активности, тимовите на ЦИВИЛ стапија во непосреден контакт со над 20.000 граѓанки и граѓани.

12191710_852851924833278_1981594758849061396_n

 

ЦИВИЛ спроведе фото-петиција за #СлободниИзбори, на која  учествуваа 400  полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија.

Во текот на имплементацијата на проектот, ЦИВИЛ доби над 100 извештаи од долгорочните набљудувачи, како и над 300 пораки и пријави од граѓанки и граѓани по електронска пошта или на социјалните мрежи, како и на онлајн формуларот за пријави на кршење на гласачкото право и други злоупотреби и нерегуларности преку веб-страницата Слободни избори (www.slobodniizbori.info ).

12472250_890468974404906_6986592132032439162_n

Благодарение на Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, главната веб-страница на ЦИВИЛ (www.civil.org.mk ) е извонредно богат ресурс на која се објавени над 800 текстови во рубриката Избори, само во периодот 1 јули 2015 – 30 јуни 2016 година. Голем дел од тие содржини се директни сведоштва и документи за сериозните прекршувања кои ги регистрираше ЦИВИЛ. Следејќи го политичкиот процес и продлабочувањето на политичката криза, тимот на ЦИВИЛ Медиа направи и објави 70 видео-интервјуа и 150 видео-изјави на релевантни соговорници.

12115926_849718241813313_1070895491527321444_n

Дополнително, тимовите на ЦИВИЛ, беа мобилни и работеа на истражување на состојбите и случаите, а вршеа и проверка на фактите наведени во извештаите и пријавите, секојдневно известувајќи за случувањата на теренот и објавувајќи стории за бројните злоупотреби на моќта, дискриминација врз основа на политичка афилијација, структурно насилство, политичка корупција и низа други категории на кршење на човековите права и слободи во изборен контекст и пошироко.

Долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ известуваа за политички притисоци, уцени, закани и дискриминација, злоупотреба на институциите за партиски цели, политички притисоци и мобинг, злоупотреба на администрацијата и јавните ресурси, партиски вработувања, партиски вработувања во приватниот сектор, партиски притисоци врз граѓанскиот сектор, агитација, пропаганда и говор на омраза и за злоупотребата на деца и малолетници.

Илустративен пример се извештаите за повеќе од 30 поединечни случаи на политички мотивирани притисоци и други видови нарушувања во образовните установи во Битола, Охрид, Скопје, Гостивар, Велес, Кавадарци, Штип, Куманово, Свети Николе, Валандово, Струмица, Кичево, Охрид и Гевгелија, но уште поголема е бројката на поплаки, над 1.000, за политичка дискриминација.

12932573_941742219277581_1617688349659651533_n

Во март 2016, Државната изборна комисија објави дека Избирачкиот список е ставен на јавен увид на нивната веб-страница www.izbirackispisok.gov.mk и дека сите заинтересирани граѓанки и граѓани можат да проверат дали ги има на списокот на гласачи и доколку има неправилности да ги пријават. И покрај тоа што ЦИВИЛ и другите граѓански организации ја поздравија оваа одлука, ентузијазмот набргу спласна. Само во првите неколку часа на социјалните мрежи се појавија  информации за голем број нерегуларности во Избирачкиот список.

Само во првите седум дена, до ЦИВИЛ беа адресирани над 300 пријави за недоследности и за фантомски гласачи!

За важноста информациите да бидат достапни до што е можно поголем број на граѓанки и граѓани, но и да се остане во постојана комуникација со нив, зборуваат бројките за видливоста и влијанието на ЦИВИЛ во едукација, креирање и подигање на јавната свест: 80.000 месечна читаност на www.civil.org.mk , 700.000 – годишна читаност и 5 милиони – опфат на фејсбук.

Публикацијата „Слободни избори: Услови за кои не се преговара“ е одраз на политичката сцена во Македонија, но и реална слика за потребните промени во политичкиот систем на владеење и за демократизација на државата.

 

Биљана Јордановска

 

 

Tags: избориполитичка кризаПубликацијаСлободни избори за слободни граѓанистатистикаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ