Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет.
Според најавите, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.
Во рамки на посетата, претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје
Претседателката Чапутова и словачката делегација пред Владата ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.
Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и претседателката Чапутова ќе имаат билатерална средба со членовите на двете делегации.