• Latest

Случај „Труст“: 17 милиони евра – пари на граѓаните, прелеани во приватни џебови!

February 28, 2017
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Случај „Труст“: 17 милиони евра – пари на граѓаните, прелеани во приватни џебови!

February 28, 2017 16:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три физички и три правни лица се осомничени во случајот „Труст“ што денеска на прес-конференција го објави Специјалното јавно обвинителство. Конзорциум составен од три фирми, со фалсификувана документација, добивал тендери и со тоа се здобил со противправна корист во износ од над милијарда денари или околу 17 милиони евра, соопшти денеска обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа објасни дека меѓу доказите се вкупно три прислушувани телефонски разговори, од кои два не се објавени во јавноста.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1221869891264811/

„Нивната содржина упатува на сомнение во јавната набавка за ископ на јаловина и јаглен во Суводол – РЕК Битола“, рече Фетаи.

Таа додаде дека во текот на денот ќе поднесат барање до судот за притвор на две осомничени лица.

Набавката по тендерот се случила во текот на 2011 година. На тендерот победил конзорциум од три фирми: првоосомничен е управителот на фирмата „Транс Мет“ ДО од Скопје, второосомничен е застапникот на „Силекс Неметали СТ“ ДООЕЛ од Кратово, а како третоосомничен се јавува управител на „Вато“ ДО од Студеничани.

Како што рече Фетаи, сите тројца се осомничени дека „свесно ја нарушиле постапката за јавна набавка и му овозможиле на конзорциумот добивка од повеќе милиони евра“.

Клучна за случајот е дробилицата за ископ на јаловината од РЕК Битола која била предмет на набавката. Според СЈО, учесниците на тендерот приложиле невистинита документација за нејзиниот капацитет, но и покрај тоа, Комисијата за јавна набавка и стручната комисија оцениле дека конзорциумот ги исполнува условите.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева истакна дека ја прошириле истрагата под кодно име „Титаник“, против 17 нови лица, за кривични дела против изборите и гласањето, за кои постои основано сомневање дека се сторени во периодот од 2011 до 2014 година, од кои петмина од осомничените лица делувале како создатели на групата. Се работи за функционери во власта, а останатите осомничени се членови на групата, кои се вработени како службени лица во повеќе државни органи. Основаното сомневање произлегува од повеќе необјавени аудио записи, како и од поголем број на материјални докази.

Обвнителката Ленче Ристоска рече дека додека ги испрашувале граѓанките во Охрид кои биле донатори за изборите, неколку претставници на одредена партија имале состанок со обвинителите на СЈО, на кои им упатиле закани во присуство на началникот на СВР Охрид.

„Не знам како стигнаа податоците до тие луѓе, кои имаа список – точно кој луѓе ќе бидат викнати на разговор. Ние немавме список од граѓаните, кој е припадник на која политичка партија, туку постапувавме според доказите што ги имавме. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, истакна Ристовска.

Дехран Муратов

Tags: „Силекс Нематали“„Транс Мет“17 милиони евраВАТОСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ