• Latest

Семејство на починат осуденик обвинува и бара одговори од надлежните!

March 28, 2017

„Европски фронт“ поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Костадиновски, поради прекршување на Законот за употреба на јазиците

June 4, 2025
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го усвои најновиот извештај за Албанија, упати итен повик за реформи; Мира Мурати меѓу 50-те најмоќни жени во светот; Данска ќе испраќа затвореници во Косово во 2027 година

June 4, 2025
Фото: U.S. Navy photo by Chief Mass Communication Specialist Joseph R. Vincent - commons.wikimedia.org

Хегсет нареди преименување на бродот именуван по иконата на геј правата Харви Милк

June 4, 2025
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

June 4, 2025

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за Северна Македонија

June 4, 2025

„Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

June 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на NEWS 18

Затворени центрите за помош во Газа откако Израел предупреди дека патиштата до локациите се „борбени зони“

June 4, 2025
Дарен Бити зборува со присутните на Студентскиот самит за акција во 2020 година, организиран од Turning Point USA во Конгресниот центар на округот Палм Бич во Вест Палм Бич, Флорида. Фото: Wikimedia commons / Gage Skidmore

Функционерот на Трамп кој ја затвори агенцијата за борба против дезинформации има тесни врски со Кремљ

June 4, 2025

Почина младо момче од кумановско Доброшане откако со мотор удрил во бетонски столб

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Семејство на починат осуденик обвинува и бара одговори од надлежните!

March 28, 2017 13:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Уште еден смртен случај во македонските затвори! Членови на семејството на починатиот 25-годишен осуденик Ердал Јусинов, во разговор за ЦИВИЛ – Медиа обвинуваат дека одговорност за неговата смрт имаат и командирите и лекарите од затворот во Штип, бидејќи, наводно, не му ја пружиле неопходната помош. Во разговорот, во нивниот дом во ромското маало во Штип, покрај сериозните обвинувања за состојбите во штипскиот затвор, тие бараа одговори за резултатите од обдукцијата и за причината – зошто надлежните од затворот не ги известиле за смртта на Ердал, туку трагичната вест ја дознале од осудениците?

 

Сестрата на починатиот, Музеј Јусинова, вели дека пред да почине брат ѝ, телефонски разговарале и дека тој се пожалил оти командирите и затворските лекари лошо се однесуваат со него, но и со останатите Роми кои отслужуваат затворска казна.

„Командирите му велеле: ‘А, бе, копиле, не ти беше лошо кога крадеше, а сега се жалиш дека имаш здравствени проблеми. Не се преправај ништо не ти е!’ Брат ми почина млад и зад себе остави жена со две малечки дечиња. Сега, кој ќе ги чува? Социјална помош имаат само 1.300 денари“, вели сестрата.

Братот на Ердал, Џошкун Јусинов за ЦИВИЛ Медиа изјави дека командирите не му дозволиле да го посети брат му додека бил жив. Тој истакна дека стражарите од затворот на Штип се корумпирани и дека им дозволуваат на затворениците да играат комар!

„Кога отидов да го посетам брат ми, пред да почине, портирите не ме пуштија, ми велат:  ‘Тргни се, инаку ќе те земеме во затвор и ќе те скршиме од ќотек!’ Но, да имав пари да им дадам, како што им даваат другите, тогаш ќе ме пуштеа да влезам и брат ми ќе го чуваа, и ќе се однесуваа со него како што треба“, додава братот.

Членовите на семејството на Ердал обвинуваат дека во затворот се продава дрога – хероин, марихуана, апчиња…

Сопругата на починатиот, Ѓунеј Дурмишева, ни изјави: „Пред да почине маж ми, јас се слушнав со него и се пожали дека има болки во главата. Ми рече дека лекарот му дал некои апчиња, без да бидат во пакетче. Тој беше неписмен не знаеше да чита, но, тоа не мора да значи дека треба да му дадат апчиња на рефус. Сега, ние не знаеме од што умрел, можеби од апчињата што му ги дале?“, вели Дурмишева.

Фадил Мамудов, ни изјави дека за смртта на Јусинов дознал од неговите другари кои се во затворот и веднаш со уште неколкумина отишле во затворот во Штип да прашаат дали е тоа вистина.

„Кога стигнавме во затворот, портирите почнаа да се шегуваат со мене, и им велам:  ‘Јас не дојдов овде на свадба, па вие да се шегувате со мене, туку имаме починат човек, и за ова ќе ве тужам!’. Потоа, дојде еден командир и ни потврди дека починал, но дека не може да го земеме телото, дека ќе мора да чекаме да се направи обдукција врз телото на починатиот. Иако не дозволувавме да се направи обдукција, сепак, тие решија да направат обдукција, без согласност на семејството“, додаде Мамудов.

Зетот на починатиот, Фадил Мамудов, за ЦИВИЛ изјави дека се сомнева оти Ердал  можеби бил удрен во глава, бидејќи, според него, челото му било помодрено и отечено, а од устата му течела крв.

„Кога ни се јавија дека починал, јас организирав погребално возило од џамијата и отидовме во затворот да го земеме телото. Меѓутоа, не ни го дадоа, бидејќи го однесоа во болница да му прават обдукција. Се сомневаме дека не починал од природна смрт, бидејќи надлежните не го известија семејството. Еве, нека приложат било каков доказ дека му се јавиле на некој, или да дојдат лично да ни соопштат… Такво нешто не се случи. Да не ни се јавеа неговите другари од затворот, ние немаше да знаеме дека починал!“, рече Мамудов.

Членовите на семејството на починатиот осуденик истакнуваат дека правдата ќе ја бараат до крај и дека „нема да дозволат виновниците да поминат неказнето“. Порачуваат и дека Ромите од Штип се подготвени да излезат на протест, ако не се реши случајот.

ЦИВИЛ Медиа побара информација за трагичниот случај од надлежните во затворот во Штип, но оттаму не упатија на Управата за извршување санкции. На барање во телефонскиот разговор од соговорничката од Управата, испративме и прашања по електронска пошта. Но, на испратените прашања за сериозните обвинувања кои ги изрекоа членовите на семејството Јусинов, за жал, досега не добивме никаков одговор.

ЦИВИЛ – Центар за слобода подготвува видео-материјал од разговорите со членовите на семејството на починатиот Јусинов, што наскоро ќе биде објавен, за случајот и понатаму ќе бара одговори од надлежните домашни институции и ќе ги извести релевантните странски институции.

ЦИВИЛ посочуваше дека бројот на починати лица во македонските затвори се зголемува, и дека само во Идризово, само во последните 6 месеци починаа 7 осуденици, а го објави и сведоштвото на таткото на 21-годишниот Андриас Реџепов, кој на 11 март почина во затворот во Идризово, под сѐ уште неразјаснети околности.

Дехран Муратов

Фото: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дискриминацијадрогаИдризовокомарнеразјаснети околностиосуденицисмртни случаиШтип
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ