• Latest

Со измени на Законот ќе се реши проблемот на локалното население со концесиите за експлоатација на минерални суровини

January 21, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Со измени на Законот ќе се реши проблемот на локалното население со концесиите за експлоатација на минерални суровини

January 21, 2020 12:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Преку измени и дополнувања на Законот за минерални суровни Министерството за економија ќе се обиде да најде долгорочно решение за проблемите со безбедноста и здравјето што ги имаат жителите во населените места во чија близина се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини.

Како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, со измените и дополнувањата на Законот, кои од денеска влегуваат во собраниска процедура, се додаваат нови основи за едностран раскин на концесијата од државата со кои ќе можат да се решат проблемите на локалното население, но без да не се направи штета на Буџетот на државата доколку некој концесионер се жали на суд.

-Со измените и дополнувањата се предвидува концесијата за експлоатација да може да се раскине заради битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат во договорот и во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението. Кога договорот се раскинува заради нарушување на јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението концесонерот може да поднесе барање за добивање нова концесија за експлоатација на истата минерална суровина на друг локалитет и тоа директно и без спроведување на јавен повик, рече Бектеши.

Појасни дека во сите договори за концесија децидно е наведено што треба да исполни концесионерот и кои се неговите обврските, а во следните договори по измените на Законот, додаде, како услов за еднострано раскинување ќе се стават и безбедноста и здравјето на локалното население. Со тоа, како што кажа, очекува да бидат надминати проблемите што ги има локалното население во Лабуништа, Коњаре и Чегране со концесиите во близина на населените места за што во Министерството се пристигнати повеќе претставки од граѓани и општини.

-Целта ни е да има конечно решение со кое нема да има проблем со концесионерот, а ќе се реши барањето на населението. Првично ќе доставиме барање до концесионерот ако е заинтересиран  да го промени на локалитетот, а доколку не е ќе постапиме по новиот закон. Решението нема да може да биде субјективно, бидејќи во земјава и досега постојат институции кои се надлежни за концесиите, но сега им се дава дополнителна можност да ги решат проблемите кога има претставки од граѓаните во кои се потпишани речиси половина од жителите од населените места. Согласно претставките, доставуваме барање до Техничкиот инспекторат, Инспекторатот  за животна среднина, Инспекторатот за земјоделство,…, кои излегуваат на терен, но и на концесионерот му се дава можност во случај да има направено инвестиција да достави барање до Министерството да се откаже од локалитетот и да побара друг локалитет за експлоатација на истата минерална суровина во кој нема да има проблем со населено место без спроведување на јавен повик, рече Бектеши.

Тој посочи дека со измените основ за едностран раскин на договорот за концесија ќе биде и доколку концесионерот не го известил Министерството за економија како надлежен орган, дека има промени во уделите или акциите кои поединечно или во збир би довеле до проемена на управувачкиот пакет во друштвото кое е мнозински сопственик кај концесионерот.

-Основ за раскин на договорот се дава и доколку концесионерот експлоатира помалку од 30 проценти од предвидената количина на минерална суровина, согласно главниот рударски проект, во текот на една година, освен доколку концесионерот достави образложение за причината за намалената експлоатација по што може да достави предлог за продолжување на намалената експлоатација за уште една година, појасни Бектеши.

Со измените, додаде, се овозможува општините да можат да поднесат барање за добивање на концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат по утврдената постапка за изградба на државни патишта.

-Со моменталното законско решение Јавното прептијатие за државни патишта (ЈПДП) бара концесија од страна на Владата за побрзо да се завршат постапките за изградба на патишта по скратена постапка. Се оди директно на експлоатација, но сепак треба да има елаборат. Моментално тоа важи за изградба на автопатишта и регионални патишта за кои е надлежно ЈПДП, а со новото законско решение ќе важи и за градење на локални патишта, посочи министерот за економија Бектеши.

Во одговор на прашање посочи дека последниве месеци нема средба со претставниците на „Еуромакс ресорсис“ и додаде дека очекува и Управниот суд да го потврди решението на Второстепената комисија за раскинување на концесијата за рудникот Казандол.

-Ако тие се заинтересирани да одиме на Арбитража подготвени сме да ги браниме нашите аргументи за раскинување на концесијата и повеќе сум од убеден дека ќе излеземе како победници во постапката, потенцира Бектеши.

Во земјава има над 400 издадени концесии за експлоатација на минерални суровини.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ