• Latest
Добро утро со Орданоски

Со Насер Зибери, и ДУИ сит, и гласачите на број?

June 25, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Со Насер Зибери, и ДУИ сит, и гласачите на број?

June 25, 2020 07:39
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Тајната на секои изборни натпревари е да се наметне тема и темпо кои не им одговараат на политичките противници. Кој ќе успее во тоа, тој завршил добра половина од работата во своја корист. Тоа овозможува противниците да се занимаваат со агендата што вие сте ја одбрале, а не со вашите слабости. Останатото е прашање на кондиција и дисциплина за да се истрча прв до целта, додека другите ви ги бркаат петиците.

ДУИ со таа амбиција ја почнува оваа изборна кампања. Бидејќи за прв пат во својот дводецениски политички живот партијата на Али Ахмети не е јасен фаворит на некои (овие) избори кај албанското гласачко тело, политичката понуда мораа да ја формулираат доволно контроверзно – „Премиер Албанец!“ – за да ја „освојат“ изборната тема. Сега е напорот, покрај темата, да се наметне темпото и да се победат противниците на кондиција и со дисциплина.

Персоналниот предлог со Насер Зибери за „албански кандидат за премиер“ ја унапредува изборната агенда на ДУИ. Бидејќи, Зибери се чини како одличен предлог за премиер, токму затоа што е неважно што е Албанец. Човекот поседува квалитети и искуство кои се неспорни за извршување на најодговорната функција во извршната власт, дури и без разлика што ќе излезе од неговата триесетгодишна биографија којашто сега ќе биде предмет на темелно „тресење“ од страна на засегнатите опоненти, пред сè во албанските политички и општествени кругови.

Но, за почеток, пред само неколку денови, самиот Зибери не ја оцени оваа изборна идеја на Ахмети како продуктивна и надежна. Тоа, очигледно, било пред да му пријдат и, нему, да му ја понудат функцијата. Што може да говори тоа?

Се чини дека таа идеја на ДУИ не е родена во Тетово, а уште помалку во Мала Речица. Некој, некаде, проценил дека Зибери ќе биде добар предлог во „коцкарскиот“ влог со кој Ахмети влегува во сегашното изборно „казино“ – без таква поддршка и своевидни „гаранции“, ниту самиот Зибери не би бил наеднаш импресиониран од слаткоречивоста на Ахмети, а ни самата ДУИ, која е далеку од демократска структура, не би го „проголтала“ овој тотален партиски аутсајдер за сопствен партиски кандидат. Особено што не може да се каже дека Зибери, со своите повремени анализи и ставови за ДУИ во минатото, самиот толку „заслужил“, за „автохтоно“ да му се понуди од ДУИ да биде главен лик во воспоставувањето на нова, историска парадигма во македонската политика.

Затоа, да се вратиме на темата: некој, некаде, проценил дека ДУИ и понатаму е неопходен дел од власта во Македонија преку кој ќе се влијае врз домашните и регионалните политики и во идната влада. Би се рекло дека во тој „кош“ на интереси бездруго преовладуваат меѓународните, а не домашните агенди на државава, кои може да се протегаат од проблеми какви што се прашањето на ширењето на „политичкиот ислам“ и стабилноста на Македонија, до проблем каков што е решавањето на српско-косовските односи. ДУИ, имено, никогаш не била до крај самостојна во сопственото поведение по овие регионални прашања, за разлика од експлоатацијата на удобностите од учеството во власта на строго домашен план.

Сепак, бидејќи Македонија, барем по овие избори, во која било коалициска комбинација, изгледно е дека ќе НЕМА етнички Албанец за премиер, тогаш предизборниот предлог на ДУИ, од темата, нè враќа на темпото: политичката агенда е промовирана, таа има потенцијал да ја монополизира предизборната дебата во корист на ДУИ, остануваат релативно кратки три недели да се „нагази“ темпото и, со дисциплина (во сите дозволени и недозволени изборни аспекти), да се „фатат“ противниците на кондиција.

Не е неизводливо. ДУИ се бори за пратеник повеќе од своите директни изборни конкуренти. Ако го постигне тоа, Насер Зибери е извонреден кандидат, без да биде самиот посрамотен, а Ахмети и неговата партија многу „оштетени“, кому ќе му се објасни дека, со оглед на политичката реалност, историјата може малку и да причека.

И ДУИ сит, и гласачите на број.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ