• Latest
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Со сослушување на сведоци од Обвинителството продолжува судењето за случајот “Софтвери”

October 13, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Со сослушување на сведоци од Обвинителството продолжува судењето за случајот “Софтвери”

October 13, 2022 12:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, пренесува МИА.

На денешното рочиште, прв беше сослушан сведокот Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, кој додека бил Декан на факултетот потпишал меморандум за соработка со фирми кои го контактирале професорот Ивица Димитровски од ФИНКИ, за соработка за софтвер за процесирање слики и видео.

За ова, Чорбев рече дека тогаш бил само „делумно, површно запознат“, а подетално се запознал откако во медиумите се пишувало за случајот.

– Не се интересирав многу зошто не е ништо невообичаено Факултетот да соработува со бизнисот. Постигнат е договор и известен сум за потпис, изјави Чорбев.

Тој посочи дека има потпишано над 400 меморандуми, кои сите не можел и не ги проверувал детално.

– Површно ги проверував од причина што верувам дека штом стигнале на биро значи ги поминале правните филтри и по површно читање од аспект дали има некои обврски и пенали за факултетот, без посебен интерес за фирмите сум ги потпишувал, изјави Чорбев.

Одбраната на обвинетиот Рашковски, постави вкрстени прашања до сведокот за експертизата на професорот кој го вршел едно од вештачењата и функционалноста на софтверот, но тие не беа дозволени.

Сведокот Кирил Самарџиоски, вработен како информатичар во Генерален секретаријат на Владата и член на Комисијата за евалуација на набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата, рече дека тие ги оценувале само техничките аспекти од понудата.

– Во самата спецификација немаше техничка табела и од тој аспект немаше некој технички момент за евалуација. Имаше, како што се сеќавам, само една реченица дека ќе биде ставен во функција, изјави сведокот.

Сведокот посочи дека тој не учествувал во евалуација на софтверот за биометриска идентификација на лица.

Прашан дали имало обука во секторот каде што работи за имплементација на софтверот за мерење просечна брзина и биометриска идентификација, сведокот рече дека не се сеќава да имало такво нешто.

На прашање од одбраната дали техничките спецификации од понудата фаворизирале некои технички оператори, Самарџиоски рече дека „тој нема такви насоки за таква анализа“, и неговата “улога била само техничка анализа на понудата”.

На прашање од Драги Рашковски, дали од него лично добил некакви напатствија или закани како да постапува при евалуацијата на понудата за софтверот, сведокот рече „не, немало такво нешто“.

На прашање од Рашковски дали секторот каде работел сведокот го подигнал серверот за софтверот од Неоком, сведокот рече дека „не знае“, посочувајќи дека „не може да знам дали има или нема нешто“.

Прашан од Рашковски дали од неговиот сектор биле дадени пасворди и лозинки за пристап до софтверот, сведокот рече дека „не е запознаен со тоа“ и дека тој немал такви „конкретни насоки“.

На прашање од одбраната дали користел мерки за отсуство поради корона вирусот во периодот кога бил имплементиран софтверот, сведокот рече дека „од март до октомври 2020 година користел мерки“, период во кој не може да знае ништо поврзано со софтверот.

Судскиот процес го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ