• Latest

СЈО за ЦИВИЛ Медиа: Предложен е притвор за две лица, а мерки за претпазливост – против 13 лица

June 10, 2016

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЈО за ЦИВИЛ Медиа: Предложен е притвор за две лица, а мерки за претпазливост – против 13 лица

June 10, 2016 14:43
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на вчерашното соопштение на Специјалното јавно обвинителство, во кое известуваат за нивната понатамошна работа, ЦИВИЛ Медиа, испрати прашања за дополнително објаснување за постапките кои се водат во Обвинителството и за предвидените мерки.

На прашањето – за кои случаи, за колку и за кои конкретно лица се предвидуваат мерки за претпазливост, и мерка притвор, од СЈО ни одговорија само дека „одговорот на прашањето е содржан во самото соопштение објавено на Интернет страницата на СЈО“.

13410836_1138520479502201_1735303701_o

Второто прашање беше што значат мерките за претпазливост, дали тоа би значело одземање на пасош… или се работи за други тип на мерки?
Во одговорот на СЈО се вели дека „Законот за Кривична Постапка (ЗКП) разликува повеќе процесни мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка пропишани во глава XVI. Како што беше наведено во соопштението, се работи за соодветни предлози за мерки, кои за секој конкретен случај се различни.

Мерка притвор е пропишана во чл. 164 од ЗКП, и како што имаме наведено, е предложена против 2 лица, во веќе поименично објавените предмети.  Мерките за претпазливост се пропишани во чл. 146 од ЗКП и се предложени против 13 лица, во веќе поименично објавените предмети. Целото соопштение се однесува на прашања во делот на постапување на ова Јавно обвинителство – по донесување на Одлуките со кои се поништи помилувањето, а не за новоотворени истраги.

Според член 146 од ЗКП, мерки за претпазливост можат да бидат:  забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање; забрана за посетување на определено место или подрачје; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“.

И покрај тоа што во дел од медиумите и во јавноста се појавија и имиња на лица, за кои наводно е побаран притвор и мерки за претпазливост, сепак, официјален одговор од СЈО на оваа тема, засега нема.

М. Т.

Tags: кривична постапкаМакедонијамерки за претпазливостпритворСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ