На денешната собраниска седница претседателот Собранието, Талат Џафери ја констатираше оставката на Никола Груевски, испратена од Унгарија.
Со овој акт, предлогот за одземање на мандатот, што го донесе собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања е беспредметен и беше повлечен. По констатацијата на оставката, спикерот Џафери даде налог ДИК да го испрати наредниот кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ за да може да му биде верификуван мандатот.