• Latest

Собранието сé уште го утврдува дневниот ред на 14. седница, Влен ја напушта седницата

September 11, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието сé уште го утврдува дневниот ред на 14. седница, Влен ја напушта седницата

September 11, 2024 14:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Како што пренесува МИА, Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.

На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Во тек е пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој реагираше дека законот се предлага по скратена пстапка, без претставник на Владата.

Претходно, Аднан Азизи од Вреди повторно ги повика пратениците од оваа коалиција да ја напуштат седницата, откако реплицираше на процедурална забелешка на координаторот на ДУИ Блерим Беџети.

Беџети ги обвини Вреди за хипокризија со тоа што дозволиле законот за бранители по скратена постапка на предлог на Славјанка Петровска од СДСМ да стане дел од дневниот ред.

-Европскиот фронт нема да го поддржи овој закон, но вие сте парламентарно мнозинство и требаше да стопирате ова да не се изгласа, рече Беџети.

Азизи пак  посочи дека ДУИ биле долги години на власт и не го донеле законот за инвалидите на УЧК и нивните семејства, како и дека се обидуваат да враќаат националистички теми продавајќи патриотизам.

Tags: дневен редседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ