Делегација од Собранието на Република Македонија утре ќе учествува на Интерпарламентарната конференција „Почитување на слободата на изразувањето, вклучувајќи ја и слободата на медиумите во ЕУ и пошироко“, што се одржува во Прага.
Настанот е во организација на Европскиот парламент, во соработка со Претставничкиот дом на Чешката Република.
Во делегацијата од Собранието се пратениците Лилјана Затуроска, како претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија, како и Благојче Трпевски, Реџаиљ Исмаили и Благоја Деспотоски, како членови на Комисијата. (МИА)