• Latest

Собранието ќе добие Етички кодекс

May 10, 2018
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието ќе добие Етички кодекс

May 10, 2018 15:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија подготвува Етички кодекс кој ќе има за цел да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека документот е во фаза на нацрт верзија и оти за да биде законодавниот дом функционален потребно е да се воспостават етички норми, стандарди и правила кои ќе бидат секојдневие, без разлика дали некој е на власт или во опозиција.

– Градењето на парламентарната демократија никогаш не е лесна задача. Понекогаш се случуваат и настани за кои посакуваме никогаш да не се случеле или пак настани поради кои домашната јавност и меѓународната заедница го вперуваат прстот кон нас, рече Џафери на панел дебатата за етичкиот кодекс во Парламентот.

Додаде дека како претседател на Собранието уште на почетокот на мандатот изјавил дека нема да дозволи да се повторат негативните настани од минатото и оти со несебичниот ангажман на сите политички чинители државата се вратила кон вистинските демократски процеси.

Според етичкиот експерт во француското Собрание, Фердинанд Сукраманен, парламентарната етика треба да се заснова на четири принципи и тоа доверба меѓу пратениците, нивните постапки надвор од Собранието, надоместоците за нив од надвор и контролата на трошоците на пратениците.

– Парламентарната етика е основа за создавање доверба во Собранието. Таа треба да содржи каква било изјава на пратеникот, анкетниот лист, неговите врски со бизнисот, приватните интереси итн. Во Франција постои принцип за секој подарок над 150 евра, пратеникот треба да се консултира со тие од собраниската етика. Патните трошоци за пратениците да се плаќаат на независна сметка, така што нивната контрола да е полесна. За секој трошок, дури и приватен, но од јавен интерес, пратеникот треба да се консултираат со одговорните за етиката со цел да се преземаат превентивни мерки за евентуалните злоупотреби, посочи Сукраманен.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние порача дека пратениците и претседателот на македонското Собрание треба самите да го најдат начинот на етичко однесување.

– Мора да го најдете начинот на етичко однесување. Во овој поглед, мнозинството и опозицијата мора да играат конструктивна улога и заеднички да го подготват Етичкиот парламентарен кодекс. Нашата практика може да се земе како основа за да ве инспирира, рече Тимоние. (МИА)

Tags: Етички кодексКристијан ТимониенормиправилаСобрание на Република МакедонијаТалат ЏафериФердинанд Сукраманен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ