• Latest

Собранието ќе ги разгледува измените во Законот за јавни набавки

November 8, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ќе ги разгледува измените во Законот за јавни набавки

November 8, 2017 10:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за изменување на Законот за јавни набавки, по скратена постапка, со кој се предлага укинување на Советот за јавни набавки, е на дневен ред на денешната 19. седница на Собранието на Република Македонија, јавува МИА.

„Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства. Исто така, ќе се надмине непотребното преклопување на одредени надлежности на Советот за јавни набавки со други органи и тела кои имаат исти или слични надлежности во оваа област“, стои во образложението на законот.

Советот за јавни набавки започна да работи на барањата за добивање согласност од 1 мај 2014 година. Во изминатиот период од формирањето,  стои во образложението, извршени се повеќе анализи на ефектите од неговото постоење и може да се констатира дека работењето главно негативно влијае врз ефикасноста и економичноста на системот на јавните набавки, најчесто со пролонгирање на подготовката и зголемување на трошоците во постапките за јавна набавка (поради плаќање на надоместоци во процесот на добивање согласност), како и со субјективност во одлучувањето.

„Советот не успеа да ги оствари првичните цели поради кои беше воспоставен, односно неговите одлуки не доведоа до значително зголемување на конкуренцијата во постапките за доделување на договори за јавни набавки бидејќи нема значително зголемување на просечниот број на поднесени понуди. Насоките кои ги дава Советот ги принудува договорните органи во тендерските документации елементите за квалитетот да ги сведат на минимум, иако постои ризик од несоодветно дефинирање на квалитетот преку технички спецификации“, наведува предлагачот на измените, Министерството за финансии.

На дневен ред на 19 собраниска седница се и предложените измени на законите за социјална заштита, за заштита на децата и за издавање обврзици на Република Македонија за денационализација, сите за второ читање.

Парламентот треба да се изјасни за предлозите за измени на одлуки з избор на претседател, претседатели, заменици на претседателите, членовите и нивни заменици на повеќе собраниски тела, меѓу останатите, на Комисијата за прашања на изборите и именувањето на Собранието на Република Македонија, на Националниот за евроинтеграции, Комитетот за односи меѓу заедниците..

Дел од дневниот ред се и повеќе барања за давање автентично толкување на членови од законите за работните односи, за празниците, за градежно земјиште, за градење, како и на Изборниот законик.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Закон за јавни набавкиседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ