Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Потоа ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.
Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18 до 24 степени.
Од вторник до сабота утринските температури ќе се движат од три до 12 степени, а дневните од 18 до 27 степени. Најтопло ќе биде в петок, кога дневната температура ќе достигне до 27 степени.
Извор: МИА