• Latest
фото: Скиншот  BBC

Состојбата во Казахстан и натаму тензична, руската воена и пропагандната машинерија во служба на тамошната Влада

January 8, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Состојбата во Казахстан и натаму тензична, руската воена и пропагандната машинерија во служба на тамошната Влада

January 8, 2022 14:21
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
фото: Скиншот  BBC

фото: Скиншот BBC

Share on FacebookShare on Twitter

Во Казахстан е уапсен поранешниот шеф на Националната безбедност

Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан, Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство. Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата. Според локални медиуми, приведени се уште неколку други лица блиски до него.  Повеќе детали засега не соопштуваат казахстанските власти.

Блинкен за руската војска во Казахстан: Кога Русите се во вашата куќа, тешко е да ги истерате

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за пристигнувањето на руски војници во Казахстан, нагласувајќи дека тешко ќе се повлечат.

„Лекцијата од поновата историја е дека кога Русите се во вашата куќа, понекогаш е многу тешко да ги истерате“, предупреди државниот секретар на прес-конференција во Вашингтон. Казахстан беше погоден од најжестоките протести откако земјата стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, при што загинаа десетици демонстранти. Протестите почнаа во западниот дел на земјата поради наглото поскапување на горивата, но набрзо се проширија и укажаа на пошироко незадоволство од состојбата во земјата, со која иста партија владее од стекнувањето независност.

Москва реагира на изјавата на Блинкен

Според официјална Москва, со оваа изјава Блинкен на многу подмолен начин го коментирал „апсолутно легитимниот одговор на ОДКБ на повикот на раководството на Казахстан со цел да се даде поддршка во обезбедувањето на безбедноста на државата“.

„Ако Ентони Блинкен толку многу ја сака историјата, тогаш имајте го на ум следново – кога Американците влегуваат во вашата куќа, ретко кој останува жив без да биде ограбен и силуван“, се вели во соопштението.

САД одобрија доброволно заминување на дел од персоналот на конзулатот во Казахстан

САД соопштија дека им дозволиле на службениците во нивниот генерален конзулат во казахстанскиот град Алмати кои не извршуваат витални функции, како и на семејствата на персоналот на мисијата, ако сакаат да заминат, поради вонредната состојба во Казахстан.

„На 7 јануари 2022 година, Стејт департментот одобри доброволно заминување на вработените од Генералниот конзулат во Алмати и членовите на семејствата“, се вели во соопштението.

„Американските граѓани во Казахстан мора да бидат свесни дека насилните протести може сериозно да влијаат на способноста на американската амбасада да обезбедува конзуларни услуги“, соопшти Стејт департментот.

Руската пропагандна машинерија во служба на властите на Казахстан

Освен со инспраќање на руската војска во Казахстан, на состојбата во оваа поранешна советска република, Русија реагира и со вклучување на својата пропагандна машинерија во служба на тамошните власти.

Руската агенција РИА Новости вчера пренесе вест на локалните медиуми во Казахстан дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на аеродромот „Манас“, во главниот град на Киргистан, Бишкек, од кои едниот бил од Северна Македонија. Македонското МВР и Македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ) веднаш ги демантираа овие наводи на руската агенција , оценувајќи ги како дезинформација.

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра.

Тоа е релативно ниска сума, но прекинот на овој вид извоз се сметаше за неопходен со оглед на моменталната ситуација во таа држава. Алмати, најголемиот град во Казахстан и негов економски главен град, со денови е сцена на немири.

Репортер на „Би-Би-Си“: Најголемиот град во Казахстан,Алмати е како сцена од филм за апокалипса

Репортер на „Би-Би-Си“, Абдуџалил Абдурасулов, во извештајот наведе од најголемиот град во Казахстан, Алмати, вели дека изгледа како сцена од апокалиптичен филм. Додека се возел низ градот во петокот рано наутро, во воздухот сè уште се чувствувал мирисот на запалените возила . Наоколу имало малку минувачи бидејќи луѓето се плашат да излезат на улица.

Армијата и полицијата ги блокираат клучните делови во градот каде биле централните точки на националните протестите против владата.. Кога им се приближил на војниците на главниот плоштад, тие викале кон него и неговите колеги и испукале предупредувачки истрели во воздух.

Улиците на градот, предходно преполни со  граѓани, зеленило и места кои нудат храна и пијалок, сега се празни, со ограбени или уништени  продавници и банки.

Голем дел од штетите има во реонот на главниот плоштад, каде што демонстрантите започнаа масовните протести. Нападнати се околните згради во кои се наоѓаат медиумите, а опожарена е и канцеларијата на градоначалникот и сега таму е се црно, зафатено од црн чад.

Д.М

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ