• Latest
Медиумски објави од гостувањето на советникот Андоновски во Топ тема на ТВ Телма, извор: time.mk

Советникот во Град Скопје, Андоновски со „кратки нозе“ за Шилегов и третманот од медиумите

December 24, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Советникот во Град Скопје, Андоновски со „кратки нозе“ за Шилегов и третманот од медиумите

December 24, 2021 19:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ТОП 5
Медиумски објави од гостувањето на советникот Андоновски во Топ тема на ТВ Телма, извор: time.mk

Медиумски објави од гостувањето на советникот Андоновски во Топ тема на ТВ Телма, извор: time.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе медиуми објавија ист дезинформирачки наслов по емисијата „Топ тема“ на 20.12.2021, на којa гостуваа двајца советници во од Советот на Град Скопје. Но ова не беа единствените дезинформации што произлегоа од ова соочување.

Насловот „Андоновски: Сѐ што вети Арсовска исполнува, а Шилегов никој ништо не го праша 4 години“ го објави Инфомакс, идентичен наслов објави и Курир, а истиот наслов го објави и Опсервер, како и порталот Весник  и порталот Вечер. Порталот Нетпрес, пак, го објави како наслов истото тврдење, без да му го атрибуира на политичарот Андоновски.

Но, да видиме што точно кажа советникот Андоновски, откако наброја дел од ветувањата на Арсовска за првите 82 дена од мандатот, и како реагираше водителката на Топ тема:

„Од тука можам да видам дека кога давате ветувања, тие се реализираат. Ништо налик, на пример на ветувањето за мост, нов тунел под Кале… Четири години Петре Шилегов не беше прашан за тунел под Кале од новинарите. Четири години не беше прашан како ќе ги реализира своите проекти.“ На тоа водителката на „Топ Тема“ реагираше: „Не, не, апсолутно не е точно дека никого не сме прашале.“

Кој остана со „кратки нозе“, порталите, Андоновски, или водителката на „Топ тема“?

Прво, со „кратки нозе“ останаа порталите кои го објавија тврдењето „Сѐ што вети Арсовска исполнува…“. Прво, нема експлицитно тврдење од Андоновски дека „сѐ што вети Арсовска исполнува“. Освен тоа, кога има универзално афирмативно тврдење, доволно е да се посочи само еден пример за тоа да се побие. На пример, анализата на Вистиномер од 16 декември 2021, Арсовска најави, но не почна на 10 декември да го украсува Скопје за Нова година, го побива тврдењето „Сѐ што вети Арсовска исполнува“.

Второ, со кратки нозе остана и советникот Андоновски со тврдењето дека “Четири години Петре Шилегов не беше прашан за тунел под Кале од новинарите“, не е точно ни тврдењето дека Шилегов „четири години не беше прашан како ќе ги реализира своите проекти.“, тврдењето на порталите кои во наслови тврдеа дека „Шилегов никој ништо не го праша 4 години“. На пример, Шилегов беше прашан и за тунелот под Кале токму на ТВ Телма, во „Топ тема“.

И други новинари му поставуваа на Шилегов прашања за „тунелот под Кале“. На пример, ТВ21 објави содржина: „Дали ќе се реализира тунелот под Кале до Чаир? Одговара Шилегов за ТВ21“. Вистиномер изработи детални анализи не само за ова ветување, како „Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале“, туку и за други ветувања на Шилегов, како на пример „Топ 5 нереализирани еко-ветувања на скопскиот градоначалник Шилегов“, и „Крајот од мандатот – каква е судбината на 20-те најважни ветувања на Шилегов“.

Според ова што го видовме, повеќе медиуми а и советникот Андоновски останаа со кратки нозе со тврдењата дека Шилегов не бил прашуван за ветените проекти.

Поранешниот градоначалник ја плати цената за нереализираните ветувања со губење на довербата на граѓаните. Таков однос граѓаните треба да имаат и кон други политичари, а и кон медиумите, не само за неисполнети ветувања, туку и за изречени невистини. Без оглед кој што мисли, голем број од нив имаат долго паметење, и не заслужуваат политичари и медиуми со кратки нозе.

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ