• Latest

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

November 18, 2024

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи

November 18, 2024 14:16
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на јавни обвинители донесе одлука со која го потврди решението за оддалечување од функцијата на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, донесено од страна на Републичкиот јавен обвинител. Жалбата на Хајрулахи е одбиена како неоснована.

Советот денеска ја донесе одлуката со седум гласа „за“, и еден „против“ по расправата од која јавноста беше исклучена поради заштита на интегритет на обвинителот.

– Се потврдува одлуката со која вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, се оддалечува од функцијата вршење јавен обвинител за време додека трае кривичната постапка. Да се потврди решението, а жалбата да се одбие како неоснована, рече претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриевска.

Кети Петкова смета дека одлуката треба да се преиначи бидејќи според неа републичкиот обвинител со решението за суспендирање на Хајрулахи го крши Законот за јавно обвинителство и задира директно во правата и самостојноста на јавните обвинители.

– Републичкиот обвинител во крши Законот за јавно обвинителство, задира директно во правата и самостојноста на јавните обвинители. Од формален аспект постоење и водење на кривична постапка значи суспендирање на обвинителот против кого се води постапката, меѓутоа, Советот, освен формалниот аспект, треба да се занимава со дејствијата што претходат на постапката. Недопустливо е повод за суспензија да биде кривична пријава за мобинг, рече таа.

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, откако беше суспендиран од функцијата, на прес-конференција обвини дека кривичната пријава поднесена против него од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и замолчи, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а сѐ со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.

Одлуката за суспендирање на Хајрулахи дојде откако Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против Хајрулахи, за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ од член 143, како и за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.

Извор: МИА

Фото: МИА архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ