• Latest

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

May 29, 2024

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

May 29, 2024 13:09
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување.

Членот Кети Петкова образложи дека Законот за Совет на јавни обвинители не предвидува можност отстранување од работното место додека трае кривичната постапка.

Од тој аспект на нас како Совет ни се врзани рацете да можеме како било да го тргнеме влијанието на членот. Иако немаме законска можност, да постапиме со таа одредба што би била најлогична, не смееме да останеме неми и да не ги кажеме детектираните слабости по постапувањето по овој предмет, рече таа.

Според неа, отворената кривична постапка и извршениот претрес во Советот, задираат директно на интегритетот на Советот како институција и на нив како членови.
Светлана Жупановска, член на СЈОРМ, посочи дека е оставено на доблеста на Мемети, да одлучи дали ќе учествува во неговата работа.

Членот Антонио Јолевски, се согласи со неговите колешки и му препорача на Мемети да не учествува во работата на Советот.

– Оставаме на совеста, на моралот на членот на советот дали би учествувал. Би препорачал, особено кај избори и разрешување, да не учествува бидејќи токму во тие ситуации ќе се доведе во прашање кредибилитетот, дека во тие избори учествувал член на Советот за кој се води постапка во надлежното обвинителство, образложи Јолевски.

Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, во изјава за медиуми по расправата, истакна дека Советот ќе го следи текот на кривичната постапка и согласно исходот од неа ќе постапи според законот.

Таа појасни дека постапката за разрешување е предвидена, меѓутоа во овој случај е невозможна.

– Постапка за разрешување е предвидена, меѓутоа, таа постапка треба да отпочне со образложено барање кое треба да биде поднесено од најмалку 20 јавни обвинители и една третина од членови на Советот, ова барање треба да е поткрепено со докази, во конкретниов случај тоа не може да се донесе, рече таа.

Дополни дека Советот не може да му забрани на Мемети да присуствува на седниците.

– Тоа може да се случи доколку има таква одлука од суд, појасни Димитриеска.

Претходно, на почетокот на денешната седница, Димитриеска информираше дека Мемети ја информирал дека нема да присуствува на денешната седница и дека размислува да се повлече од функцијата заменик претседател на Советот.

Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев. Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Согласно Законот за Совет на јавни обвинители, одлуката за разрешување на член на Советот ја донесува Советот со најмалку шест гласови, при што за разрешувањето мора да гласале најмалку три члена избрани од јавните обвинители и три члена избрани од Собранието.

Tags: Иџет МеметиСовет на јавни обвинители
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ