Фондација Фридрих Еберт и ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го одбележат Светскиот ден на социјалната правда со настанот „Социјална правда сега!“ на која ќе се одржи проекција на видео исповеди на жртвите на социјалната неправда во Република Македонија во последните две години. Проекцијата и дискусијата ќе се одржат в сабота, 20 февруари, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Покрај видео проекцијата која ќе трае околу половина час, организаторите ќе отворат дискусија за сознанијата од истражувања на теренот, за злоупотребата на социјално ранливите категории во изборен контекст и други аспекти на социјалната правда во земјата, како и најава за настаните и активностите на тема социјална правда во Македонија.
Поканети се медиумите, организациите на граѓанското општество и заинтересираните граѓанки и граѓани.