• Latest

Сепаратистичките партии се договорија да го реизберат Пуџдемон за претседател

January 10, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сепаратистичките партии се договорија да го реизберат Пуџдемон за претседател

January 10, 2018 12:07
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Главните каталонски сепаратистички партии постигнаа договор да го реизберат Карлес Пуџдемон за претседател на автономната област Каталонија, кој истовремено ја извршува и премиерската функција.

Пуџдемон, кој ја предводеше каталонската регионална влада, беше сменет од функцијата од страна на централната власт во Мадрид по референдумот за независност на Каталонија, кој беше прогласен за незаконски од шпанското правосудство. Оттогаш Пуџдемон е во Брисел и доколку се врати дома, веднаш  ќе биде уапсен за бунт и обид за одвојување на Каталонија од Шпанија.

На 21 декември во Каталонија се одржаа предвремени парламентарни избори, на кои најмногу гласови освои партијата „Граѓаните”, но сепаратистичките партии – „Заедно за Каталонија” на Пуџдемон и „Републиканска левица на Каталонија” на Ориол Жункерас, обезбедија кревко мнозинство во регионалниот парламент. Жункерас, поранешен заменик-премиер на Каталонија, се наоѓа во затвор во Шпанија под обвинение за бунт и сепаратизам.

Шпанските медиуми објавија дека минатиот вторник во Брисел, Пуџдемон се сретнал со генералниот секретар на „Републиканската левица на Каталонија“ Марта Ровира. Пуџдемон ја добил нејзината поддршка за негов реизбор во Каталонија.

Кандидатите за претседател на каталонската Влада, непосредно пред пратениците да гласаат за нив, одржуваат говор пред Парламентот. Портпарол на „Републиканската левица на Каталонија” изјави дека Пуџдемон ќе предложи пред каталонскиот парламент подоцна овој месец да се обрати по пат на видео-конференциска врска од Брисел. Друга опција е член на партијата на Пуџдемон да го прочита задолжителниот говор што премиерот мора да го одржи пред гласањето во парламентот.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој кон крајот на минатиот месец, апелираше каталонскиот парламент да биде формиран до 17 јануари, што е прв чекор кон повторно формирање на локална влада во Каталонија.

По формирањето на парламентот, пратениците треба да предложат кандидат кој ќе ја предводи регионалната Влада. За него ќе треба да биде одржано гласање на доверба. 

извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: КаталонијапретседателПуџдемон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ