• Latest

Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР

November 21, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР

November 21, 2023 11:46
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на Регионалниот состанок на претставници на гранична полиција и Царинска управа од Југоисточна Европа, во организација на Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа (SEESAC) и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.

Како што соопшти МВР, на состнокот присуствуваше и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Бен Нупнау, како и полициски службеници од граничните полициски и царински служби во регионот на Југоисточна Европа.

Истакнувајќи ја партнерската соработка со СИСАК и ФРОНТЕКС, Спасовски во своето обраќање рече дека управувањето и зајакнувањето на границите со цел справување со сите форми на прекуграничен криминал, меѓу кои и недозволената трговија со оружје е еден од приоритетите на МВР. Во исто време, како што се наведувам и еден од најголемите предизвици, а во таа насока, борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на Министерството за внатрешни работи.

– Во таа насока, согласно стратешката определба на Република Северна Македонија за пристапување кон Европската Унија и усогласување со европските директиви, оваа година ја донесовме Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и национален акциски план за 2022-2025 година.  Во завршна фаза на усвојување е Прирачникот за мало и лесно оружје за граничните и царинските службеници, во соработка со Frontex, а во соработка со ОБСЕ донесена е и Стандардната оперативна процедура за прибирање и следење на податоци и информации за известувања поврзани со мало и лесно оружје, истакна Спасовски.

Тој соопшти дека Министерството за внатрешни работи континуирано работи и се залага за зајакнување на своите капацитети. Тоа, како што рече, јасно се гледа преку редовното учество на нашите експерти на регионалните состаноци за огнено оружје на земјите од Југоисточна Европа, организирани од страна на СИСАК, со цел продлабочување на регионалната соработка во борбата со нелегално поседување и трговија со огнено оружје во Југоисточна Европа, преку меѓусебна размена на искуства.

Спасовски рече дека  активно се работи и на спроведување на сите планирани активности за остварување на поголеми резултати во подигнувањето на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации.

– Неодамна одржаната Обука за етиката во информирање на јавноста за родово базираното насилство, со фокус на инциденти со злоупотреба на огнено оружје, организирана од СИСАК, на која учествуваа и вработени во МВР но и медиуми беше уште една убава можност да се поработи во истата насока, рече Спасовски, кој порача да продолжат да се организираат настани од ваква природа, со кои ќе се подигне свеста во борбата против злоупотребата на огненото оружје.

Фото: МВР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ