Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот албански колега, Бледар Чучи, на заедничката меѓувладина седница помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, потпишаа два акта со кои двете држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.
МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка, која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво.
Во рамките на оваа наша заедничка владина седница, денес, министерот Оливер Спасовски предложи 2 акта за потпишување.
Првиот, протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË.
Вториот, договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за формирање заеднички работни тимови во областа на безбедноста. Овој договор е предложен во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Спроведувањето еден ваков меѓународен билатерален акт ќе придонесе кон сузбивање опасности врз безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал преку безбедносното партнерство со помош на координирани активности“.
Спасовски потенцира дека, дополнително, со потпишувањето на протоколот и на поговорот Република Северна Македонија и Република Албанија потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.