• Latest

Спасовски: Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите

April 16, 2020

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Спасовски: Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите

April 16, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во видео обраќање по препораката на епидемиолозите да оди во домашна изолација истакна дека Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом.

Спасовски на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој има позитивен резултат на тестот за коронавирус, му посака успешно закрепнување и добро здравје. Воедно во пресрет на Велигденските празници, Спасовски упати апел до граѓаните сите да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„По веста дека градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски има позитивен резултат на тестот за коронавирус, а со оглед на фактот дека вчера имавме средба на заедничкиот состанок на општинскиот кризен штаб, во насока на почитување на препораките на епидемиолозите – јас одам во домашна изолација.

На градоначалникот Димитриевски му посакувам успешно закрепнување и добро здравје.

Од мојот дом непречено ќе ги извршувам сите мои работни обврски како премиер.

Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови ќе се состануваат секој ден, преку видео врска.

Ширењето на коронавирусот ни е во рамки на очекуваното. Анализата покажува дека земјата ни се движи според проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени. Од друга страна, расте бројот на излечени. Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден.

За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето, и за да дојдеме до моментот кога бројот на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес.
Потребен е сериозен и одговорен однос од секој од нас. Само така ќе успееме.

Нема простор за импровизации, ниту за пропусти.

Физичката дистанца од два метри сите да ја разбереме како правило. Не е тешко. Отстапете два чекори од лицето до вас или побарајте другите да го направат тоа. Нема лутење, за здравјето се работи. За животот ваш, наш, мој, твој, за животот за сите граѓани се работи.

Во пресрет на Велигденските празници, да покажеме сите ние одговорност, смиреност и да ги обезбедиме неопходните намирници и потреби за периодот кога целосно ќе се ограничи движењето од петок во 16 часот до вторник до 5 часот наутро.Да го направиме тоа во достоинствен ред.  Со два метри дистанца од секого. А, маркетите и другите продавници задолжително да се погрижат за редот и дистанцата. Маркетите се добро снабдени, секој ќе може да го набави потребното. Само трпение, дистанца и почит кон другите. Тоа ќе ни донесе здравје.

Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите. Здравјето и животот, тие се единствените причини за овие забрани. Забраната за движење и за групирање значи и забрана за неконтролирано ширење на вирусот.

Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот, ве уверувам – има начин. Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот.

Сите вие знаете дека ова можеме да го изведеме. Со верба, со внимателност, со трпение и со одговорност. Ајде да ја завршиме заедно оваа работа што поскоро, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите.

Да, животот се промени, но така е во целиот свет. Да го прифатиме овој предизвик и да го решиме со успех. Чувајте се, држете дистанца и останете дома и во добро здравје“, апелира Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ