• Latest

Спасовски: МВР останува во служба на граѓаните и нема да дозволиме протестите да бидат злоупотребени

July 12, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: МВР останува во служба на граѓаните и нема да дозволиме протестите да бидат злоупотребени

July 12, 2022 19:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево повторно упати апел до граѓаните, но и до политичките субјекти, коишто сакаат да ги искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин.
-Би сакал да упатам апел до вас, граѓаните, но и до политичките субјекти, коишто сакаат да ги искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин. А бидејќи владеењето на правото и демократијата се меѓусебно поврзани и условени, би сакал уште еднаш да потсетам дека секој јавен собир (протест), согласно закон, мора да биде уредно пријавен. Притоа, освен известувањето за блокадите од 08.07.2022, кое беше доставено како акт до МВР истиот тој ден, иако според Законот за јавни собири треба да се достави најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето, ниту еден од протестите во изминативе неколку денови не беше уредно најавен и пријавен, туку организацијата течеше преку социјалните мрежи, иницирана и водена од неколку политички партии, напиша на Фејсбук Спасовски.

Министерот посочи дека отсуството на организатор, односно неговото формално необзнанување не може да претставува алиби за насилството врз виталните објекти на државата и врз полициските службеници кои вршат службени дејства во заштита на безбедноста на граѓаните и институциите на системот, како што ни ненајавениот протест не може да биде покритие за непреземање на одговорност за овие насилни протести, во кои беа повредени 54 полициски службеници, а 23 лица се приведени.
-Ја користам оваа прилика да ја известам јавноста да биде спокојна – МВР останува во служба на граѓаните и нема да дозволиме протестите да бидат злоупотребени за разгорување на меѓуетнички тензии. Полицијата постапува согласно добиените оперативни сознанија и ќе биде распоредена на соодветен начин согласно потребите. Воедно, би сакал да упатам порака и до креаторите на тензии – не злоупотребувајте го правото на протест на граѓаните за создавање на ваша, деформирана слика во јавноста. Нечесно и недостоинствено е да се злоупотребуваат граѓаните како параван за неоправдано насилство во исклучиво политички цели, напиша Спасовски.
Тој посочи дека чинот на насилство нема оправдување. – Ние како држава сме горди на цивилизациската придобивка на протест, а токму мирните протести се есенцијален дел на една демократија. Апелирам да се практикува мирен протест, како дел од дијалогот. МВР продолжува да ги штити уставните права и да ја обезбедуваме сигурноста на сите граѓани, напиша Спасовски на Фејсбук.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ