• Latest

Спасовски-Ониди: Со Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан ја отвораме вратата на поинтензивна соработка заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување

December 21, 2022
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски-Ониди: Со Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан ја отвораме вратата на поинтензивна соработка заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување

December 21, 2022 18:19
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со заменик генералниот директор за безбедност на Директоратот на Европската Комисија за миграција и внатрешни работи, Оливер Ониди, заедно со претставници од Европската Комисија. Министерот Спасовски посакувајќи им добредојде на делегацијата од ЕК, изрази задоволство за можноста заеднички да разговараат за теми што ќе придонесат за унапредување на соработката.

„Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за посветеноста и ангажманот на Европската Комисија насочен кон побрзо интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија. Длабоко сум убеден дека преку исполнувањето на приоритетите зацртани во Акцискиот план ќе обезбедиме подобро управување со миграциските текови и поуспешна борба против организираниот криминал. Од друга страна, нашата заедничка соработка придонесува кон јакнење на нашите национални капацитети, но и кон имплементирање на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и миграцијата. Имаме добра основа, но и политичка волја и капацитет тоа да го направиме. Во суштина, со Акцискиот план ја отвораме вратата на поинтензивна соработка со Европската Унија, заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување”, рече Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека приоритетите на Европската Унија содржани во Акцискиот план се препознаени и како национални приоритети, чие менаџирање е дефинирано и во националните стратегии.

„На пример, тука би ја споменал Националната стратегија за интегрирано гранично управување, чија главна цел е натамошно развивање на националниот систем за интегрирано гранично управување во согласност со Европскиот концепт за гранично управување. Потоа, Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Резолуцијата за миграциска политика, кои како документи јасно ја изразуваат посветеноста на нашата држава во поглед на мапирањето на клучните предизвици кои произлегуваат од овие области, како и соодветен одговор за секој од нив”, истакна министерот Спасовски.

Во областа на миграциите и надворешните граници како најзначаен исчекор кој ја обележи 2022 година, министерот Спасовски го истакна потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.

„Длабоко сум убеден дека имплементацијата на овој Договор, како и на соодветните договори со другите земји од Западен Балкан ќе придонесат кон посигурни граници и поголема безбедност за целиот регион. Во тој контекст, ја поздравувам мерката содржана во ЕУ Акцискиот план за Западен Балкан, во делот на јакнење на капацитетите на граничното управување вдолж рутата, со која се предвидува зајакнување на заедничките операции со ФРОНТЕКС и нивно распоредување на надворешната граница на ЕУ со земјите од Западен Балкан”, потенцираше министерот Спасовски, при што сподели статистички податоци за илегалните преминувањa вдолж Западно-балканската рута, како поткрепа за неопходните мерки.

На средбата беше истакната и воспоставената соработка со Агенцијата за азил на Европската Унија, со која беше развиен Патоказот за соработка за периодот 2020-2022. На крајот од средбата министерот Спасовски изрази благодарност до Европската Унија за континуираната поддршка за зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, а особено на Граничната полиција, преку обезбедување на советодавна помош, обуки, како и преку набавка на возила и специјализирана опрема за зајакнување на граничниот надзор, со уверување дека Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со сите соседи и земји партнери, а особено со ЕУ институциите, како стратешки партнер во исполнување на заедничките приоритети.

Tags: безбедностгранична полицијаЕУЗападен БалканМВРмиграции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ