• Latest
ФОТО: МВР

Спасовски: Справувањето со миграциите мора да оди преку поширока хармонизирана нормативна рамка на ниво на ЕУ

September 19, 2023

Тирана под притисок на протестите: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Справувањето со миграциите мора да оди преку поширока хармонизирана нормативна рамка на ниво на ЕУ

September 19, 2023 15:03
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
ФОТО: МВР

ФОТО: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска учествуваше на панел –  дискусија во рамки на Меѓународната школа за миграции насловена „Хуманитарните аспекти на мешаните миграциски текови”, што се одржува во Центарот за едукација на Црвен Крст во Струга.

Панел дискусијата се одвиваше на две теми: „Миграцијата и влијанието врз домашното население и врз јавните институции”, како и „Важноста на меѓуинституционалната соработка”. Спасовски зборуваше низ призмата на искуствата и согледувањата на Министерството за внатрешни работи во поглед на феноменот на миграцијата, како институција која што непосредно беше и е инволвирана во многу сегменти од проблематиката на миграциите.

-Следствено миграцискиот бран кој во текот на 2015/2016 година ја зафати Европа, вклучително и нашата држава како незаобиколен дел од транзитниот коридор на таканаречената западнобалканска миграциска рута, сосема јасно се виде – покажувајќи низа слабости генерално во Европа – дека влијанието на таквиот, во последниве неколку децении невиден егзодус на цивилно население, е крајно сериозно врз мноштвото општествени сфери – економската, безбедносната, здравствената, хуманитарната, социјалната и така натаму”, изјави министерот Спасовски.

Тој додаде дека импактот на миграцијата врз домашната јавност и јавните институции е незаобиколен, но дали и какви ќе бидат резултатите од него најмногу ќе зависи од институционалната и јавна подготвеност, зрелост, функционалност, во давањето соодветен одговор.

– Всушност, во Европа, а и кај нас, во изминатите неколку години, токму повикувајќи се на искуствата од 2015/16 година се направија и донесоа многу концепциски, нормативни и институционални новини во насока на ефикасно превенирање на негативностите и проблемите што можат да се продуцираат со миграциските токови. Дотолку повеќе што подготвеноста и успешното справување со миграциските проблеми веќе се наметнаа и како прашања од своевиден национален интерес. Речиси и да нема институција која што во својот домен на работа не е засегната, во поголема или помала мера, сеедно, од појавата на миграциските движења. Тој заклучок е неспорен, практично го доживеавме и видовме, кај нас и во Европа пред неколку години, рече Спасовски.

Министерот потенцира дека секое општество мора да биде подготвено да прави точни проценки за потенцијалите на евентуално нови мигрантски кризи, како и за потребните мерки, за институционалните и други капацитети што му стојат на располагање за да се искористат за анулирање на какви било последици по нормалното општествено функционирање и сигурноста на своите граѓани.

Во однос на втората тема „Важноста на меѓу-институционалната соработка, истакнувајќи го фактот дека во Европа, а и во Република Северна Македонија како нејзин составен дел, тргнувајќи од претходните искуства, министерот Спасовски истакна дека се дојде до заклучок дека миграциите не се ексклузивно национален проблем и дека справувањето со нив мора да оди преку една поширока хармонизирана нормативна рамка на ниво на Европската Унија, секако со уважување на различностите од аспект на миграциските фактори – како земји на транзит, земји на крајни дестинации и слично.

-Од аспект на Министерството за внатрешни работи, ние изминативе години согласно своите организациски, кадровски и финансиски капацитети и во тесна соработка со нашите партнери од ЕУ и САД успеавме во повеќе сегменти да ги подобриме активностите, особено во делот на регистрацијата, евиденцијата, контролата и безбедноста на мигрантите, притоа, водејќи сметка и за внатрешната безбедност на граѓаните на Република Северна Македонија но и на регионалната и глобална безбедност, истакна тој.

Спасовски вели дека од досегашната дискусија може да се заклучи дека е нужно постојано надградување на јавните и институционални капацитети, со цел секогаш  да се има адекватен одговор кој што ќе ги минимизира и амортизира можностите за креирање или прелевање на проблеми во општественото функционирање.

Tags: МВРмиграцијаСпасовскиЦрвен Крст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ