Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека ќе има нова мерка за сите оние што ќе ја прекршат самоизолацијата. Подготвени се колективни центри за изолација и секој што ќе ја прекрши самоизолацијата, веднаш ќе биде пренесен во таков центар.
Тој потврди дека е запознаен со фактот дека се почесто се откриваат случаи на луѓе кои не се придржуваат до самоизолацијата и карантинот и покрај патролните проверки.
Спасовски соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.
-Секој еден кој нема да биде во самоиозлација, при проверка директно ќе ги носиме во центри за изолација. Ние веќе имаме подговено капацитети. Нема да има пардон за никого, никој нема право да го загрозува здравјето на другото. Значи, и кривични пријави и изолација во центри за изолација, рече Спасовски.