Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека во моментот на секој од нас животот му е променет.
Според него, на крајот ќе го сопреме непријателот, но оваа битка ќе трае.
„Ние како земја го немаме поминато најлошото. Наредните две недели ќе го достигнеме пикот. Но, подобро да се подготвуваме за повеќе, а да имаме помалку. Донесовме одлука за продолжување на полицискиот час. Се очекува да достигнеме бројка од 2.000 до 2.500 заболени. Се забранува движење на сите граѓани од 16 до 05 часот наредниот ден, а за викендот 24 часа. Се забранува движењето на јавни површини повеќе од две лица. Донесувањето на овие мерки е заштита на здравјето на секој граѓанин“, додаде техничкиот премиер.