Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР денеска ќе излезе со факти за скандалите во кој се нашол синот на заменик-министерот Назим Буши.
Спасовски рече дека тоа што се пласирало во медиумите се шпекулации и дека вистинските моменти ќе ги појасни МВР.
„Ќе има одговорност за тој што направил прекршок, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин, за секој еден ако направил прекршок ќе има одговорност“, изјави тој.
Синот на заменик-министерот за внатрешни работи во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и во државна сопственост, по што возачот е пуштен на Качанички пат.
Исто така беше објавена и фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши од пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 Летерс“ во Крушево.
Извор: новатв.мк