• Latest
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи(фото: ЦИВИЛ Медиа)

Спасовски: Заштитата, детекцијата и превенцијата од семејно насилство ќе остане приоритет на МВР

June 27, 2023

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Спасовски: Заштитата, детекцијата и превенцијата од семејно насилство ќе остане приоритет на МВР

June 27, 2023 12:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи(фото: ЦИВИЛ Медиа)

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи(фото: ЦИВИЛ Медиа)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на завршна средба: „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените”, во организација на Националниот совет за родова рамноправност.
„Семејното насилство а во тој смисол и насилство врз жената, гледано во еден поширок контекст, спаѓа во групата на оние специфични индивидуални социо-девијантни феномени чија што генеза е длабоко вткаена во низа економски, традиционални, културолошки, образовни,  религиозни и други убедувања, предрасуди и предуслови напластувани низ времето и историјата на развој на општествата а кои што се уште имаат суштински импликации врз персоналното сфаќање и поведение”, рече министерот Спасовски во своето обраќање пред присутните.

Спасовски потенцираше дека заштитата, детекцијата и превенцијата од овој облик на криминал е и ќе биде и понатаму работа на координиран и слоевит меѓу институционален ангажман во кој не е исклучена ни конкретната партиципација на сите вонинституционални, граѓански фактори, како што всушност е и Националниот совет за родова рамноправност.

„Впрочем, ако направиме една статистичка дигресија јасно ќе ја сфатиме нужноста од претходно изнесеното. Како за илустрација, минатата година  односно во текот на 2022 година во вкупната бројка од 1.117 регистирани кривични дела од областа на семејното насилство меѓу кои најзастапени се кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“, од 1191 жртва дури 942 се жени – сопруги, вонбрачни партнерки, мајки, ќерки… Од вкупно пријавените сторители пак – 1154 лица, 1061 лице се мажи, кои што во огромен број употребиле физичка сила со нанесување телесни повреди на жртвите…”, истакна Спасовски, додавајќи дека изминативе години се направени мноштво нормативни, организациони и структурни исчекори за поквалитетно и поефиксано откривање и спречување на семејното насилство и насилството врз жената.

„МВР како дел од институционалниот систем во својата законска надлежност и обврска постапува по однос на секоја пристигната пријава за извршено семејно насилство; потоа во откривањето на сторителите и покренување постапка против  истите; во делот од заштита  на лицата  жртви на семејно  насилство во рамки на истражна постапка ; и последно но не помалку важно – преземање превентивни активности во насока на сузбивање на семејното насилство”, рече министерот Спасовски.

Тој упати уверување дека Министерството за внатрешни работи не само во делот на своите законски обврски и надлежности, останува доследно и посветено да партиципира онаму каде што целта е искоренување на ваквите појави, заштитата на жртвите, бескомпромисното санкционирање на сторители, и креирање на општествен амбиент каде што секој граѓанин ќе се чувствува безбедно уживајќи ги своите човекови права и слободи.

Tags: Оливер Сасовскиродоба рамноправностсемејно насилство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ